Download Print this page

Beko WTV 8511 X0 User Manual page 46

Advertisement

Available languages

Available languages

4.4 Одржување и чистење
Работниот век на производот е продолжен и проблемите што често се појавуваат ќе се
намалат ако производот се чисти во редовни интервали.
4.4.1 Чистење на фиоката за детергент
1
Притиснете го местото означено со точка на сифонот во преградата за омекнувач и
влечете кон вас сè додека фиоката не излезе од машината.
2.
Измијте ги фиоката и сифонот со голема количина млака вода под чешма. За да
спречите остатоците да дојдат во контакт со вашата кожа, исчистете го апаратот со
соодветна четка носејќи ракавици на рацете.
3
Вратете ја фиоката на место по чистењето и проверете дали е наместена правилно.
4.4.2 Чистење на вратата и на барабанот
За производи со програма за чистење на барабанот, погледнете Работа со производот -
Програми.
C
Повторувајте го процесот за чистење на барабанот секои 2 месеци.
Користете средство против бигор што е соодветно за машини за перење.
4.4.3 Чистење на куќиштето и на контролната табла
Избришете ја шасијата на машината со вода и сапун или меки детергенти во форма на гел
коишто не предизвикуваат корозија ако е неопходно и потоа исушете со мека крпа.
Користете само мека и сува крпа за да го исчистите контролниот панел.
4.4.4 Чистење на филтрите за довод на вода
Има филтер на крајот на секој вентил за довод на вода од задната страна на машината,
како и на крајот на секое црево за довод на вода каде што се закачени за славината. Овие
филтри спречуваат страни тела и нечистотија од водата да навлезат во машината. Филтрите
треба да се чистат бидејќи се валкаат.
46 / MK
Чистете ја фиоката за детергент редовно (секои 4-5 циклуси на
перење) како што е прикажано подолу за да спречите наталожување
на детергент.
Подигнете го задниот дел на сифонот и извадете го како што е
прикажано.
Сифонот мора да се исчисти ако започне да се собира повеќе од
нормална количина вода и омекнувач во одделот за омекнувач.
По секое перење проверете дали страни тела се останати во барабанот.
Ослободете ги отворите ако оние на внатрешната страна на барабанот
коишто се прикажани на сликата се блокирани.
Страни тела од мета ќе предизвикаат дамки од р'ѓа на барабанот.
Исчистете ги дамките на површината на барабанот користејќи средства
за чистење не'рѓосувачки челик.
Никогаш не користете челична или метална волна. Така ќе ги оштетите
обоените, хромираните и пластичните површини.
1.
2.
3.
4.
Затворете ги славините.
Извадете ги навртките на цревата за довод
на вода за да пристапите до филтрите на
вентилите за довод на вода. Исчистете ги
со соодветна четка. Ако филтрите се многу
нечисти, извадете ги со клешта и исчистете ги на
овој начин.
Извадете ги филтрите на рамните краеви на
цревата за довод на вода заедно со дихтунзите
и исчистете ги темелно под млаз вода.
Заменете ги дихтунзите и филтрите внимателно
и стегнете ги со нивните навртки со рака.
Машина за перење алишта / Упатство за употреба

Advertisement

loading