Download Print this page

Beko WTV 8511 X0 User Manual page 44

Advertisement

Available languages

Available languages

За активирање на заштитата за деца:
Притиснете ги и држете ги копчињата за брзина и одложен старт во траење од 3 секунди.
Додека ги држите 3 секунди, ќе трепка „Child Lock Enabled LED". Можете да ги отпуштите
копчињата кога ЛЕД сијаличките ќе почнат да светат постојано.
За да ја деактивирате заштитата за деца:
Притиснете ги и држете ги копчињата за брзина и одложен старт во траење од 3 секунди
додека работи некоја програма. Додека ги држите 3 секунди, ќе трепка „Child Lock Enabled
LED". Можете да ги отпуштите копчињата кога ЛЕД сијаличките ќе се исклучат целосно.
C
Како дополнување на гореприкажаниот метод, за деактивирање на заштитата за деца, префрлете го
регулаторот за регулаторот за избор на програма во позицијата за вклучување / исклучување кога не работи
ниедна програма и изберете друга програма.
Заштитата за деца нема да се деактивира ако снема струја или ако се исклучи машината од струја.
4.3.12 Напредок на програмата
Напредокот на тековната програма може да се следи на индикаторот за следење на
програмата. На почетокот на секој чекор на програмата, соодветниот индикатор ќе засвети, а
ќе се изгасне кога тој чекор ќе заврши.
Може да ги смените поставките за брзината без да ја прекинете програмата додека работи.
За да го направите ова, промената што мора да ја направите мора да биде во чекорот што
следи по чекорот на тековната програма. Ако промената не е компатибилна, соодветните
светилки ќе трепкаат трипати.
C
Ако машината не продолжи кон чекорот на центрифугирање, функцијата за задржано плакнење може да се
активира или системот за автоматско откривање за неизбалансирано полнење може да се активира заради
неизбалансираната распределба на алиштата во машината.
4.3.13 Заклучување на вратата за полнење
Има систем за заклучување на вратата за полнење на машината што спречува отворање на
врата за полнење во случаи кога нивото на водата е несоодветно.
Светилката за вратата за полнење ќе започне да трепка кога машината ќе се префрли во
режимот за паузирање. Машината го проверува нивото на водата внатре. Ако нивото е
соодветно, светилката за вратата за полнење се исклучува и потоа истата може да се отвори
во рок од 1-2 минути.
Ако нивото не е соодветно, светилката за вратата за полнење ќе остане вклучена и истата не
може да се отвори. Ако мора да ја отворите вратата додека е исклучена светилката за неа,
мора да ја откажете тековната програма. Видете. „Откажување на програмата"
4.3.14 Менување на изборот откако ќе се вклучи програма
Префрлување на машината во режим на паузирање
Притиснете го копчето за вклучување / паузирање за да ја префрлите машината во режим
за паузирање додека работи програмата. Светилката за чекорот во кој се наоѓа машината ќе
започне да трепка на индикаторот за следење на програмата за да прикаже дека машината е
префрлена во режим за паузирање.
Освен тоа, кога вратата може да се отвори, светилката за вратата за полнење ќе се исклучи
комплетно.
Менување на поставките за брзина
Можете да ги смените поставките за брзината на програмата којашто работи моментално.
Видете „Избор на брзина".
C
Ако не се дозволува промена, соодветната светилка ќе трепне трипати.
44 / MK
Машина за перење алишта / Упатство за употреба

Advertisement

loading