Makita DUH607 Instruction Manual page 61

Cordless hedge trimmer
Hide thumbs Also See for DUH607:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Држете го алатот со двете раце, држете ја предната
рачка додека го притискате лостот на прекинувачот,
повлечете го прекинувачот за стартување и потоа
придвижете го алатот нанапред.
► Сл.24
За основно работење, навалете ги сечилата за
стрижење во насока на стрижењето и движете ги
мирно и бавно со брзина од 3 до 4 секунди на метар.
► Сл.25
За рамномерно стрижење на живата ограда, врзете
ја жицата на саканата висина на живата ограда и
стрижете по нејзина должина.
► Сл.26
Ако примачот на деланки е прикачен на сечилата
за стрижење, тој ги собира отфрлените листови и
многу го олеснува подоцнежното расчистување.
► Сл.27
За рамномерно стрижење на страните на живата
ограда, сечете од долу нагоре.
► Сл.28
Кога сакате да направите кружен облик
(потстрижување зеленика или рододендрон, итн.),
потстрижувајте од коренот до врвот за убава
завршница.
► Сл.29
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или
одржување, секогаш проверувајте дали алатот
е исклучен и касетата за батеријата е извадена.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
Чистење на алатот
Чистете го алатот, така што ќе ја бришете прашината
со сува крпа или крпа натопена во сапуница, па
исцедена.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
Одржување на сечилото за
стрижење
Пред работењето или еднаш на час за време на
работата, нанесете масло со ниска вискозност
(масло за машини или масло за подмачкување во
вид на спреј) на сечилата за стрижење.
► Сл.30
По работата, исчистете ја правта од двете страни на
сечилата за стрижење со жичена четка, избришете
ги со крпа и потоа нанесете доволна количина масло
со ниска вискозност (масло за машини или масло
за подмачкување во вид на спреј) на сечилата за
стрижење.
► Сл.31
ЗАБЕЛЕШКА:
стрижење во вода. Во спротивно, може да дојде
до кородирање или оштетување на алатот.
ЗАБЕЛЕШКА:
предизвикуваат прекумерно триење на
сечилата за стрижење и го намалуваат
работното време на полната батерија.
Чување
Дупчето за закачување на дното од алатот е погодно
за закачување на алатот на шајка или завртка на
ѕидот.
Прикачете го капакот на сечилото на сечилата за
стрижење за да не бидат изложени. Складирајте
го алатот надвор од дофат на деца. Складирајте
го алатот на место што не е изложено на влага или
дожд.
► Сл.32: 1. Отвор
61 МАКЕДОНСКИ
Не мијте ги сечилата за
Нечистотијата и корозијата

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Duh507Duh607zDuh607f00100883817772470088381777292

Table of Contents