Huawei 3 Prime Quick Start Manual page 200

4g router
Table of Contents

Advertisement

пејсмејкерот за да се спречат потенцијални пречки на
пејсмејкерот. Ако користите пејсмејкер, користете го уредот
од спротивната страна на пејсмејкерот и не го носете
уредот во предниот џеб.
Идеални температури за работа се 0 °C до 40 °C. Идеални
температури за чување се -20 °C до +70 °C. Екстремна
топлина или студ може да го оштети уредот или
дополнителната опрема.
Чувајте го уредот и дополнителната опрема во добро
проветрена и студена просторија без директна изложеност
на сонце. Не го виткајте или покривајте уредот со крпи или
други предмети. Не го поставувајте уредот во предмети
што задржуваат топлина, како на пример, кутија или кеса.
Чувајте го уредот подалеку од извори на топлина и оган,
како што се греалка, микробранова печка, шпорет, бојлер,
радијатор или свеќа.
Уредот треба да се инсталира и со него да се ракува со
најмало растојание од 20 см меѓу изворот на зрачење и
Вашето тело.
Користењето на неодобрен или некомпатибилен адаптер за
напојување, полнач или батерија може да предизвика
пожар, експлозија или друга опасност.
Избирајте само дополнителна опрема одобрена за
употреба за овој модел од страна на производителот на
уредот. Користењето на други типови дополнителна
опрема може да доведе до поништување на гаранцијата,
кршење на локалните прописи и закони, и може да биде
опасно. Обратете се кај продавачот за повеќе информации
околу достапноста на одобрената дополнителна опрема во
Вашиот регион.
Електричниот приклучок служи како уред за исклучување.
За приклучливите уреди, штекерот треба да биде во
близина на уредите и да биде лесно достапен.
Осигурајте се дека адаптерот за напојување ги исполнува
барањата од Клаузула 2.5 во IEC60950-1/EN60950-1/
UL60950-1 и е тестиран и одобрен во согласност со
националните или локалните стандарди.
198

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents