Makita HS012G Instruction Manual page 85

Cordless circular saw
Hide thumbs Also See for HS012G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Нагодување на длабочината на
сечењето
ВНИМАНИЕ:
Откако ќе ја нагодите
длабочината за сечење, секогаш затегнете ја
рачката.
Отпуштете го лостот на граничникот за длабочина
и поместете ја основата нагоре или надолу. На
саканата длабочина за сечење, прицврстете ја
основата со затегнување на лостот.
За почисти и побезбедни засеци, поставете ја
длабочината на сечење, така што нема да стрчи
повеќе од еден заб од сечилото под работниот
материјал. Користењето соодветна длабочина на
сечење помага во намалувањето на потенцијалот
за опасни ПОВРАТНИ УДАРИ коишто можат да
предизвикаат телесна повреда.
► Сл.10: 1. Рачка
Косо сечење
ВНИМАНИЕ:
Откако ќе го нагодите аголот
на закосеност, секогаш затегнете го лостот
цврсто.
Олабавете го лостот и поставете го саканиот агол со
соодветно навалување, а потоа затегнете го лостот цврсто.
► Сл.11: 1. Лост
Позитивен запирач
Позитивниот запирач е корисен вза брзо поставување на
саканиот агол. Свртете го позитивниот запирач, така што
стрелката на него ќе укажува на саканиот надолжен кос
агол (22,5°/45°/50°). Олабавете го лостот, а потоа навалете
ја основата на алатот додека не застане. Позицијата на
којашто застанува основата на алатот е аголот што сте го
поставиле со позитивниот запирач. Стегнете го лостот со
основата на алатот во оваа позиција.
► Сл.12: 1. Позитивен запирач
Нишанење
За рамни засеци, порамнете ја положбата од 0° на
предната страна од основата со вашата линија на
сечење. За коси засеци под агол од 45°, порамнете
ја со положбата од 45°.
► Сл.13: 1. Линија за сечење (положба од 0°)
2. Линија за сечење (положба од 45°)
Вклучување на ламбата
ВНИМАНИЕ:
Не гледајте директно во
светлината или во изворот на светлина.
За да ја вклучите ламбата кога не работи алатот,
повлечете го прекинувачот за стартување без да го
притиснете копчето за одблокирање.
За да ја вклучите ламбата кога работи алатот,
притиснете го и задржете го копчето за одблокирање
и повлечете го прекинувачот за стартување.
Ламбата ќе се исклучи по 10 секунди од
отпуштањето на прекинувачот за стартување.
► Сл.14: 1. Ламба
НАПОМЕНА: Користете сува крпа за да ја
избришете нечистотијата од леќата на ламбата.
Внимавајте да не ја изгребете леќата на ламбата
затоа што тоа може да го намали осветлувањето.
НАПОМЕНА: Кога ќе се прегрее алатот, ламбата
ќе трепка една минута. Во ваков случај, изладете
го алатот пред да започнете со работа.
Кука
ВНИМАНИЕ:
кога го закачувате алатот со куката.
ВНИМАНИЕ:
алатот на високи места или на површини
каде што може да ја загуби рамнотежата и да
падне. Во спротивно, може да дојде до несреќа од
паѓањето и да предизвика сериозна повреда.
ВНИМАНИЕ:
кога е прикачен на куката.
Куката е практична за привремено закачување на
алатот. За користење на куката, едноставно вртете
ја додека не застане во отворена положба.
► Сл.15
Кога куката не се користи, секогаш вртете ја додека
не застане во затворена положба.
► Сл.16: 1. Кука 2. Отворена положба 3. Затворена
положба
Електрична сопирачка
Алатот е опремен со електрична сопирачка на
сечилото. Доколку алатот постојано не успева
брзо да го прекине сечилото на циркуларна пила
по отпуштање на лостот на прекинувачот, алатот
треба да се однесе на сервис во сервисен центар
на Makita.
ВНИМАНИЕ:
сечилото не е замена за штитник на сечилото.
НИКОГАШ НЕ КОРИСТЕТЕ ГО АЛАТОТ БЕЗ
ФУНКЦИОНАЛЕН ШТИТНИК НА СЕЧИЛОТО.
МОЖЕ ДА ДОЈДЕ ДО СЕРИОЗНА ТЕЛЕСНА
ПОВРЕДА.
Електронска функција
Алатите опремени со електронска функција се
лесни за работа поради следниве функции.
Одлика за меко стартување
Започнете меко заради потиснатиот почетен удар.
Контрола на постојана брзина
Електронско контролирање на брзината за
постигнување постојана брзина. Може да се изврши
добра завршна обработка, бидејќи брзината на
вртење е постојана дури и при преоптовареност.
85 МАКЕДОНСКИ
Секогаш вадете ја батеријата
Никогаш не закачувајте го
Не влечете го алатот надолу
Системот на сопирачката на

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents