Makita HS012G Instruction Manual page 81

Cordless circular saw
Hide thumbs Also See for HS012G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Дополнителни безбедносни предупредувања
Особено бидете внимателни кога
1.
сечете влажно дрво, дрвени материјали
обработувани под притисок или дрва со
глуждови. Одржувајте лесно напредување
со алатот без намалување на брзината на
сечилото за да избегнете презагревање на
врвовите на сечилото.
Не обидувајте се да го тргнете работниот
2.
материјал додека сечилото е во движење.
Почекајте сечилото да запре пред да го
фатите исечениот материјал. Тркалото
запира постепено откако ќе се исклучи.
Избегнувајте сечење шајки. Проверете
3.
и извадете ги сите шајки од дрвените
елементи пред сечењето.
Поставете го поширокиот дел на основата
4.
на пилата врз оној дел на работниот
материјал кој е стабилно прицврстен, а не
врз делот кој ќе отпадне откако ќе се изврши
сечењето. Ако работниот материјал е
краток или мал, прицврстете го со стега. НЕ
ОБИДУВАЈТЕ СЕ ДА ГИ ДРЖИТЕ КРАТКИТЕ
ПАРЧИЊА СО РАКА!
► Сл.5
Пред да го спуштите алатот по
5.
завршувањето на сечењето, осигурете се
дека заштитникот се затворил и сечилото
целосно запрело.
Никогаш не обидувајте се да сечете со
6.
циркуларната пила превртена наопаку,
прицврстена со менгеме. Тоа е многу опасно
и може да доведе до сериозни несреќи.
► Сл.6
Некои материјали содржат хемикалии што
7.
можат да бидат отровни. Избегнувајте
вдишување на прашината и избегнувајте
контакт на прашината со кожата. Следете
ги упатствата од производителот на
материјалот.
Не сопирајте ги сечилата со латерален
8.
притисок врз сечилото на пилата.
Не користете никакви абразивни тркала.
9.
10. Користете само сечило на пила со
дијаметар што е означен на алатот или
назначен во прирачникот. Употребата на
сечило со неправилни димензии може да
влијае врз правилната заштита или работењето
на сечилото или заштитникот, што може да
резултира со тешка телесна повреда.
Чувајте го сечилото остро и чисто.
11.
Наслагите и дрвените отпадоци кои остануваат
залепени на сечилото, ја забавуваат пилата и
го зголемуваат потенцијалот за повратен удар.
Одржувајте го сечилото чисто прво вадејќи го
од алатот, потоа чистејќи го со отстранувач
на наслаги, врела вода или керозин. Никогаш
немојте да користите бензин.
12. При користење на алатот, носете заштитна
маска за прашина и заштита за слухот.
13. Секогаш користете нож за пила што е
наменет за материјалот што ќе го сечете.
14. Користете само ножеви за пила што се
означени со брзина еднаква или поголема
од брзината означена на алатот.
15. (Само за европските држави)
Секогаш користете го сечилото што е во
согласност со EN847-1, наменето за дрвени
и слични материјали.
16. Поставете ги алатот и деловите на рамна
и стабилна површина. Во спротивно,
алатот или деловите може да паднат и да
предизвикаат повреда.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
удобноста или познавањето на производот
(стекнати со подолга употреба) да ве наведат
да не се придржувате строго до безбедносните
правила за овој производ. ЗЛОУПОТРЕБАТА
или непочитувањето на безбедносните
правила наведени во ова упатство може да
предизвикаат тешка телесна повреда.
Важни безбедносни упатства за
касетата за батеријата
Пред користење на касетата за батеријата,
1.
прочитајте ги сите упатства и ознаки
за претпазливост на (1) полначот за
батеријата, (2) батеријата и (3) производот
што ја користи батеријата.
Не расклопувајте ја, ниту експериментирајте
2.
со касетата за батеријата. Тоа може да
резултира со оган, прекумерна топлина или
експлозија.
Ако оперативното времето станало
3.
прекумерно кратко, престанете веднаш со
работа. Тоа може да резултира со ризик од
прегревање, можни изгореници, па дури и
експлозија.
Ако електролит навлезе во вашите очи,
4.
измијте ги со чиста вода и побарајте
медицинска нега веднаш. Тоа може да
резултира со губење на вашиот вид.
Не предизвикувајте спој на касетата за
5.
батеријата.
Не допирајте ги контактите со никаков
(1)
проводлив материјал.
Избегнувајте да ја чувате касетата
(2)
за батерија во сад со други метални
предмети како што се шајки, монети и сл.
На изложувајте ја касетата за
(3)
батеријата на вода или дожд.
Краткиот спој на батеријата може да
предизвика голем проток на електрична
енергија, прегревање, можни изгореници, па
дури и пад на напојувањето.
Не складирајте и не користете ги алатот
6.
и касетата за батеријата на места каде
што температурата може да достигне или
надминува 50 °C (122 °F).
Не палете ја касетата за батеријата дури
7.
и кога е многу оштетена или целосно
потрошена. Касетата за батеријата може да
експлодира ако се стави во оган.
81 МАКЕДОНСКИ
НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents