Makita DUC204 Instruction Manual page 80

Cordless chain saw
Hide thumbs Also See for DUC204:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
По полнењето, држете ја моторната пила подалеку
од дрвото. Стартувајте ја и почекајте додека
синџирот на пилата не се подмачка адекватно.
► Сл.18
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога за првпат полните масло
за синџирот или го полните резервоарот откако
тој целосно ќе се испразни, додајте масло до
долниот раб на грлото на полначот. Инаку,
може да има проблеми со протокот на масло.
ЗАБЕЛЕШКА:
Користете го маслото за
синџирот на пилата само за моторните пили
Makita или еквивалентно масло што е достапно
на пазарот.
ЗАБЕЛЕШКА:
Никогаш не користете масло
што содржи прав и честички или масло со
опаднат квалитет.
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога поткаструвате дрва,
користете ботаничко масло. Минералното
масло може да ги оштети дрвата.
ЗАБЕЛЕШКА:
Пред да започнете со сечење,
проверете дали капачето на резервоарот за
масло е добро стегнато.
РАБОТЕЊЕ СО МОТОРНАТА ПИЛА
ВНИМАНИЕ:
Почетниот корисник треба,
како минимална пракса, да сече трупци на
ногари за сечење дрва или на лежиште.
ВНИМАНИЕ:
Кога сечете претходно
сечен дрвен материјал, користете стабилна
подлога (ногари за сечење дрва или лежиште).
Не придржувајте го работниот материјал со
вашето стапало и не дозволувајте никој друг да
го прави тоа.
ВНИМАНИЕ:
Прицврстете ги кружните
парчиња да не вртат.
ВНИМАНИЕ:
Чувајте ги сите делови на
телото подалеку од синџирот на пилата кога
работи моторот.
ВНИМАНИЕ:
Држете ја моторната пила
цврсто со двете раце кога работи моторот.
ВНИМАНИЕ:
Не пресегајте предалеку.
Одржувајте добра стабилност и рамнотежа со
нозете цело време.
ЗАБЕЛЕШКА:
Никогаш не фрлајте го или не
испуштајте го алатот.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не покривајте ги отворите за
вентилација на алатот.
Поткастрување дрва
Принесете го телото на моторната пила да дојде
во допир со гранката што треба да се сече пред да
ја вклучите пилата. Во спротивно, насочувачката
шипка може да измрда што може да резултира со
повреда на операторот. Пресечете го дрвото што
треба да се сече едноставно движејќи го надолу со
користење на тежината на моторната пила.
► Сл.19
Доколку не може да го пресечете дрвото со еден
потег:
Применете благ притисок врз рачката и продолжете
со сечење, малку повлекувајќи ја моторната пила
наназад.
► Сл.20
Кога сечете дебели гранки, прво направете плиток
засек од долната страна, а потоа, извршете го
завршното сечење од горната страна.
► Сл.21
Ако се обидете да сечете дебели гранки од долната
страна, гранката може да се превитка и да го
заглави синџирот на пилата во засекот. Ако се
обидете да сечете дебели гранки од горната страна
без плитко засекување од долната, гранката може
да пукне.
► Сл.22
Сечење трупци
1.
Потпрете го телото на моторната пила на
дрвото што треба да се сече.
► Сл.23
2.
Додека работи синџирот на пилата, засечете
го дрвото притоа користејќи ја горната рачка за да ја
подигнете пилата, а предната рачка за да ја водите.
3.
Продолжете го сечењето со мал притисок
на горната рачка, лесно повлекувајќи ја пилата
наназад.
ЗАБЕЛЕШКА:
исклучувајте ја моторната пила меѓу
пресеците.
ВНИМАНИЕ:
се користи за сечење, моторната пила може
да се придвижи кон вас доколку се заглави
синџирот. Заради тоа, сечете со долниот раб за
да се придвижи пилата во обратен правец од
вашето тело.
► Сл.24
Кога сечете дрво под тензија, прво почнете од
притиснатата страна (А). Потоа последниот пресек
направете го од страната под тензија (B). Така нема
да се заглави шипката.
► Сл.25
Кастрење
ВНИМАНИЕ:
само обучени лица. Постои ризик од повратен
удар.
При кастрење, потпрете ја моторната пила на трупот
ако е можно. Не сечете со врвот на шипката, бидејќи
тоа може да биде ризик од повратен удар.
Посветете особено внимание на гранките под
тензија. Не сечете одоздола гранки што не се
потпрени.
Не стојте на отсечениот трупец при кастрење.
80 МАКЕДОНСКИ
Кога правите повеќе пресеци,
Ако горниот раб на шипката
Кастрењето може да го прават

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Duc254Duc254c

Table of Contents