Makita DUC204 Instruction Manual page 78

Cordless chain saw
Hide thumbs Also See for DUC204:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Вклучување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
овој алат е опремен со рачка за блокирање
која спречува алатот да се вклучи ненамерно.
НИКОГАШ не користете го алатот ако работи
кога едноставно ќе го повлечете прекинувачот
без притискање на рачката за блокирање.
Вратете го алатот во нашиот овластен
сервисен центар за соодветна поправка ПРЕД
натамошна употреба.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
да ја залепувате или да ја оневозможувате
функцијата на рачката за блокирање.
ВНИМАНИЕ:
Пред да ја ставите батеријата
во алатот, проверете го прекинувачот дали
функционира правилно и дали се враќа во
положбата „OFF" кога ќе се отпушти.
ЗАБЕЛЕШКА:
Немојте силно да го
повлекувате прекинувачот без да ја притиснете
рачката за блокирање. Тоа може да предизвика
дефект на прекинувачот.
За да се спречи случајно повлекување на
прекинувачот за стартување, вградена е рачка
за одблокирање. За да го стартувате алатот,
притиснете ја рачката за одблокирање и повлечете
го прекинувачот за стартување. Брзината на
алатот се зголемува со зголемување на притисокот
на прекинувачот за стартување. Отпуштете го
прекинувачот за стартување за да сопре.
► Сл.6: 1. Прекинувач за стартување 2. Рачка за
блокирање
Проверување на затегнатоста на
синџирот
ВНИМАНИЕ:
Држете ја моторната пила
со двете раце кога ја вклучувате. Држете ја
горната рачка со вашата десна рака, а предната
рачка со вашата лева рака. Шипката и синџирот
не смеат да се во допир со никаков предмет.
ВНИМАНИЕ:
Ако синџирот на пилата не
сопре веднаш, при правење на тестот, пилата
не смее да се користи под никакви околности.
Побарајте помош од нашиот овластен
сервисен центар.
1.
Притиснете ја рачката за блокирање, а потоа
повлечете го прекинувачот. Синџирот на пилата
веднаш ќе се стартува.
2.
Притискајте го предниот штитник за рака
нанапред со задниот дел од вашата рака. Осигурете
се дека моторната пила веднаш запира.
► Сл.7: 1. Преден штитник за рака 2. Неблокирана
положба 3. Блокирана положба
За ваша безбедност,
НИКОГАШ немојте
78 МАКЕДОНСКИ
Проверување на сопирачката за
намалување
ВНИМАНИЕ:
Доколку синџирот на пилата
не запре во рок од две секунди во овој тест,
престанете да ја користите моторната пила и
побарајте помош од нашиот овластен сервисен
центар.
Вклучете ја моторната пила, а потоа целосно
отпуштете го прекинувачот за стартување. Синџирот
на пилата мора да сопре во рок од две секунди.
Нагодување на подмачкувањето
на синџирот
Може да ја нагодите стапката на проток на пумпата
за масло со шрафот за нагодување со помош на
универзалниот клуч. Количината на маслото може
да се нагоди во 3 чекори.
► Сл.8: 1. Нагодувачка завртка
Карабинер (точка за прикачување
јаже)
Алатот може да го закачите со прикачување на
јажето на карабинерот. Повлечете го карабинерот и
потоа врзете го со јажето.
Електронска функција
За полесно работење, алатот е опремен со
електронски функции.
Меко стартување
Функцијата за меко стартување го сведува
почетниот удар на минимум и овозможува
алатот да се стартува глатко.
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или
проверка на алатот, секогаш проверувајте дали
е исклучен и батеријата е извадена.
ВНИМАНИЕ:
Не допирајте го синџирот на
пилата со голи раце. Носете ракавици секогаш
кога ракувате со синџирот на пилата.
Монтирање или демонтирање на
синџирот на пилата
ВНИМАНИЕ:
Синџирот на пилата и
насочувачката шипка сѐ уште се жешки по
работата. Оставете ги доволно да се оладат
пред да продолжите со работење со алатот.
ВНИМАНИЕ:
Извршете ја постапката за
монтирање или демонтирање на синџирот на
пилата на чисто место, без прав и сл.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Duc254Duc254c

Table of Contents