Makita DLS600 Instruction Manual page 100

Cordless compound miter saw
Hide thumbs Also See for DLS600:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Транспорт на алатот
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
стопирање служи само за пренесување и
складирање и никогаш не смее да се користи
за операции за сечење. Користењето на
осигурувачот за стопирање за операции за сечење
може да предизвика неочекувано движење на
сечилото што може да резултира со повратен удар
и тешка телесна повреда.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш фиксирајте ги сите
подвижни делови пред да го пренесувате
алатот. Ако делови од алатот се движат додека
се пренесуваат, може да дојде до губење на
контролата или рамнотежата, што може да
резултира со телесна повреда.
1.
Извадете ја касетата за батеријата.
2.
Прицврстете ги сечилото на агол на закосеност
од 0° и вртливата основа во крајната десна положба
на аголот на спојот.
► Сл.50: 1. Вртлива основа
3.
Спуштете ја целосно рачката и блокирајте ја во
спуштената положба со туркање на осигурувачот за
стопирање.
4.
Носете го алатот држејќи ја рачката.
► Сл.51
ОДРЖУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
го сечилото остро и чисто за да се добива
најдобра и најбезбедна изведба. Ако се обидете
да сечете со истапено и/или нечисто сечило, може
да настане повратен удар и да резултира со тешка
телесна повреда.
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или
одржување, секогаш проверувајте дали алатот
е исклучен и касетата за батеријата е извадена.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
Осигурувачот за
Секогаш одржувајте
100 МАКЕДОНСКИ
Нагодување на аголот на сечење
Овој алат е внимателно фабрички нагоден и
порамнет, но грубото работење со него може да
влијае врз порамнувањето. Ако вашиот алат не е
правилно порамнет, направете го следното:
Агол на спој
1.
Олабавете го шрафот за прицврстување
вртејќи налево.
2.
Ротирајте ја вртливата основа, така што
покажувачот ќе покажува 0° на скалата за спојот.
► Сл.52: 1. Шраф за прицврстување 2. Вртлива
основа 3. Скала за спој 4. Покажувач
3.
Ротирајте ја вртливата основа малку надесно
и налево за вртливата основа да навлезе во засекот
на спојот под агол од 0°. (Ако покажувачот не
покажува 0°, оставете го како што е).
4.
Олабавете ги завртките со имбус-глава што
го прицврстува насочниот граничник со помош на
имбус-клуч.
► Сл.53: 1. Насочен граничник 2. Завртка со
имбус-глава
► Сл.54: 1. Насочен граничник 2. Завртка со
имбус-глава
5.
Спуштете ја целосно рачката и блокирајте ја во
спуштената положба со туркање на осигурувачот за
стопирање.
6.
Нагодете го насочниот граничник додека
не направи нормален агол со ножот, користејќи
триаголен линијар, правоаголен линијар или сл.
Потоа цврсто стегнете ја завртката со имбус-глава
на насочниот граничник.
► Сл.55: 1. Насочен граничник 2. Триаголен
линијар 3. Нож за пила
7.
Осигурете се покажувачот да покажува 0° на
скалата за спојот. Доколку покажувачот не покажува
0°, олабавете ја завртката што го прицврстува
покажувачот и нагодете го покажувачот, така што ќе
покажува 0°.
► Сл.56: 1. Завртка 2. Скала за спој 3. Покажувач
Агол на закосеност
Агол на закосеност од 0°
1.
Спуштете ја целосно рачката и блокирајте ја во
спуштената положба со туркање на осигурувачот за
стопирање.
2.
Олабавете ја рачката на задниот дел од алатот.
3.
Свртете ја завртката за нагодување агол на
закосеност од 0° на десната страна од главата на
пилата два или три круга налево за да го навалите
ножот надесно.
► Сл.57: 1. Завртка за нагодување 2. Лост

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dls600z

Table of Contents