Безбедносни информации
• Кога купувате нова батерија, проверете го името на моделот (VCA-
SBTA95) и оригиналното
– Контактирајте со најблискиот продавач на Samsung Electronics или
сервисен центар на Samsung за да купите какви било потрошни
додатоци.
• При екстремни услови на употреба или температура може да дојде
до истекување на батериите. Ако течноста дојде во контакт со кожа,
брзо измијте ја засегнатата област со вода. Ако течноста Ви влезе во
очи, веднаш плакнете ги со чиста вода најмалку 10 минути. Побарајте
помош од лекар.
• Кога ја ставате батеријата во правосмукалката, туркајте ја сè додека не
слушнете звук на кликнување. Тоа значи дека батеријата е соодветно
поставена.
– Во спротивно, батеријата може да падне и да предизвика
оштетување на производот или повреда.
• Ако не планирате да ја користите правосмукалката подолг
временски период или ако нема да бидете дома подолго време,
исклучете ја станицата за чистење, а потоа извадете ја батеријата од
правосмукалката. Кога батеријата не се полни и не се користи, таа
полека ќе се испразни.
• За да ги заштити моторот и батеријата, производот може да не работи
кога температурата е пониска од 5 °C или повисока од 45 °C.
• Испразнетата батерија одложете ја во согласност со локалните
прописи.
10
Македонски
лого.