Безбедносни информации
• Ако има прашина, вода итн. на игла или на точка за контакт на
приклучникот за напојување, внимателно избришете ги.
– Може да дојде до неправилно работење или електричен удар.
• Не користете оштетен приклучник за струја, кабел за напојување или
лабав штекер.
– Може да дојде до електричен удар или пожар.
• Исклучете ја станицата за чистење од штекерот пред да вршите
поправки.
• Не изложувајте ја станицата за чистење на високи температури и
не дозволувајте никаква влага да дојде во контакт со станицата за
чистење.
• Не приклучувајте ја станицата за чистење во извор на струја со
неправилен напон. Не приклучувајте ја станицата за чистење во
штекер со повеќе приклучоци или во продолжителен кабел.
– Може да дојде до електричен удар или пожар.
• Ако кабелот за напојување е оштетен, тогаш овластен сервисен центар
на Samsung треба да го замени кабелот за напојување со нов кабел.
– Може да дојде до електричен удар или пожар.
• Внимавајте контактите за полнење на правосмукалката и станицата
за чистење да не дојдат во контакт со проводник како нараквица,
часовник, метална шипка, шајка итн.
– Може да дојде до неправилно работење на производот или
електричен удар.
• Бидејќи станицата за чистење е осмислена само за употреба на
Samsung Jet безжична правосмукалка, не користете ја станицата за
чистење за други електронски апарати и други цели.
– Може да дојде до сериозно оштетување на станицата за чистење
или до пожар.
8
Македонски