Набавување На Резервни Делови; Подготовка За Одржување; Проверка На Производот; Спроведување На Одржувањето - Vaillant electronicVED lite Operating Instructions Manual

Table of Contents

Advertisement

9.1
Набавување на резервни делови
Оригиналните компоненти на производот се сертифици-
рани од производителот во текот на контролата за со-
образност. Ако за одржување или поправка користите
други, несертифицирани одн. недозволени делови, тоа
може да доведе до тоа, тој да не соодветствува повеќе
на важечките норми и на тој начин да се избрише сооб-
разноста на производот.
Ние препорачуваме итна употреба на оригинални ре-
зервни делови од производителот, за да може да се га-
рантира непрекината и безбедна работа на производот.
За да добиете повеќе информации за достапните ориги-
нални резервни делови, обратете се на контактната ад-
реса, којашто е наведена на задната страна на приложе-
ното упатство.
Доколку за време на одржувањето или поправката
имате потреба од резервни делови, тогаш користете
исклучиво резервни делови, коишто се дозволени за
производот.
9.2
Подготовка за одржување
1.
Исклучете го производот од струјната мрежа.
2.
Затворете ја главната славина за вода.
Демонтажа на предната обвивка
A
B
3.
Со плоснат одвртувач, извадете го дихтунгот од
рамката на задниот дел на производот.
4.
Внимателно навалувајте ја предната маска во ва-
шата насока додека производот не се отстрани од
рамката.
5.
Исклучете го производот.
6.
Извршувајте ги работите според предвидениот ре-
дослед.
7.
Не ги виткајте компонентите при монтажата и де-
монтажата.
0020323586_00 Упатство за инсталација и одржување
9.3
Проверка на производот
За време на процесот на одржување проверете го
следново:
аномалии на производот.
чистотата на ситото за вода во делот за приклучок во
ладна вода.
дали заптиваат приклучните кабли.
Електричната инсталација на производот смее да ја про-
вери само електроинсталатер.
Ако филтерот за ладна вода е контаминиран или оште-
тен, тогаш чистењето и одржувањето мора да ги изврши
овластено стручно лице.
9.4
Спроведување на одржувањето
Чистење на ситото за вода
1.
Одвртете го приклучокот за ладна вода.
2.
Извадете го филтерот за вода од приклучокот за
ладна вода (1) и исчистете го под проточна вода.
3.
Ставете го ситото за вода во приклучокот за ладна
вода.
4.
Завртете го приклучокот за ладна вода.
1
133

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ved e 11--13/1 l u0010044426

Table of Contents