Makita HR2652 Instruction Manual page 54

Combination hammer with self dust collection
Hide thumbs Also See for HR2652:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Издувна пумпа
Опционален додаток
По дупчењето на дупката, употребете ја издувната
пумпа за да ја исчистите прашината од дупката.
► Сл.34
Користење на комплетот со чаша
за прав
Опционален додаток
Кога работите со алатот, поставете го комплетот со
чаша за прав кон таванот.
► Сл.35
ЗАБЕЛЕШКА:
Не користете го комплетот
со чаша за прав кога дупчите во метал или
слично. Тоа може да го оштети комплетот
со чаша за прав поради топлината што се
произведува од ситната метална прашина или
слично.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не монтирајте го, ниту
отстранувајте го комплетот со чаша за прав
додека бургијата е поставена во алатот. Тоа
може да го оштети комплетот со чаша за прав и
може да предизвика излегување на правот.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или
одржување, проверете дали алатот е исклучен
и откачен од струја.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
Замена на филтерот од кутијата за
прав
1.
Отстранете ја кутијата за прав додека го
притискате надолу лостот на кутијата за прав.
► Сл.36: 1. Лост
2.
Вметнете плоснат шрафцигер помеѓу кутијата
на филтерот и капакот од кутијата за прав како што
е прикажано на сликата. Додека ги притискате и
виткате страните на кутијата на филтерот, подигнете
ја кутијата на филтерот со плоснатиот шрафцигер и
отстранете ја кутијата на филтерот.
► Сл.37: 1. Плоснат шрафцигер 2. Кутија на
филтерот 3. Капак од кутијата за прав
3.
За да го отстраните филтерот од кутијата на
филтерот, превртете ги наопаку и притиснете го
филтерот како што е прикажано на сликата.
► Сл.38: 1. Филтер 2. Кутија на филтерот
4.
Прикачете нов филтер на кутијата на
филтерот, а потоа прикачете ги на кутијата за прав,
порамнувајќи го издадениот дел на кутијата на
филтерот со жлебот на кутијата за прав.
► Сл.39: 1. Издаден дел 2. Жлеб
5.
Затворете го капакот од кутијата за прав и
потоа прикачете ја на алатот.
Менување на заптивното капаче
Доколку заптивното капаче е излижано,
перформансите на собирачот на прав се
намалуваат. Заменете го ако е излижано.
Отстранете го заптивното капаче и потоа прикачете
ново со издадениот дел свртен нагоре.
► Сл.40: 1. Издаден дел 2. Заптиво капаче
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
се препорачуваат за користење со алатот од
Makita дефиниран во упатството. Со користење
друг прибор или додатоци може да се изложите на
ризик од телесни повреди. Користете ги приборот
и додатоците само за нивната назначена намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
Бургии со врв од карбид (бургии со врв од
карбид SDS-Plus)
Цевкаста бургија
Бургија со остар врв
Дијамантска цевкаста бургија
Ладно длето
Длето за делење
Длето за жлебови
Адаптер за главата
Клин за сопирање за дупчалката без клуч
Средство за подмачкување на бургијата
Мерач на длабочина
Издувна пумпа
Чаша за прав
Комплет со чаша за прав
Заштитни очила
Пластичен куфер за носење
НАПОМЕНА: Некои ставки на листата може да се
вклучени со алатот како стандарден прибор. Тие
може да се разликуваат од држава до држава.
54 МАКЕДОНСКИ
Овој прибор или додатоци

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Hr2653Hr2653t hr2663

Table of Contents