Makita DCL281F Instruction Manual page 48

Cordless cleaner
Hide thumbs Also See for DCL281F:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Примери на проблем
Прстенот за прицврстување на филтерот со високи
перформанси не е цврсто блокиран во жлебот на
куќиштето на правосмукалката.
► Сл.16: 1. Прстен за прицврстување 2. Жлеб на
куќиштето на чистачот
Монтирање или вадење
на филтерот со запирач/
HEPA-филтерот
Опционален прибор
За филтерот со запирач и сунѓер
За да го извадите запирачот, притиснете го долниот
дел од столпчињата на запирачот со прстите и
отпуштете го неговиот жлеб од испакнатиот дел на
правосмукалката. Потоа извадете го сунѓерестиот
филтер.
► Сл.17: 1. Запирач 2. Сунѓерест филтер
За монтирање, порамнете ги жлебовите на
запирачот со испакнатиот дел на правосмукалката и
притискајте додека не кликне.
Вметнете го сунѓерестиот филтер меѓу столпчињата
и поставете го во оригиналната позиција.
За HEPA-филтерот
Кога го монтирате HEPA-филтерот, поставете го
жлебот на HEPA-филтерот со испакнатиот дел на
правосмукалката. Потоа ставете го предфилтерот
или филтерот со високи перформанси на HEPA-
филтерот и завртете го за да се зацврсти. За
вадење, следете ја постапката за монтирање по
обратен редослед.
► Сл.18: 1. HEPA-филтер 2. Предфилтер
► Сл.19: 1. HEPA-филтер 2. Филтер со високи
перформанси
РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Не движете го лицето блиску
до отворот за вентилација кога работите со
правосмукалката. Ако туѓи објекти навлезат во
очите, може да резултираат со лична повреда.
Монтирање или отстранување на
додатокот на правосмукалката
ВНИМАНИЕ:
По монтирање на додатокот,
проверете дали е монтиран безбедно. Доколку
додатокот е монтиран неправилно, може да се
откачи и да предизвика телесна повреда.
ВНИМАНИЕ:
Кога ќе го вадите додатокот,
внимавајте да не ја удрите раката од ѕидот или
слично.
Кога користите продолжна цевка
со функција за заклучување
За монтирање на продолжната цевка, вметнете ја во
отворот за смукање на правосмукалката додека не
кликне. Погрижете се продолжната цевка да се заклучи.
► Сл.20: 1. Отвор за смукање 2. Продолжна цевка
3. Кука
НАПОМЕНА: Кога ќе ја монтирате продолжната
цевка, порамнете го копчето за отпуштање со
куката на продолжната цевка. Доколку не се
порамнети, цевката нема да се заклучи и може да
се откачи од правосмукалката.
НАПОМЕНА: Кога ја инсталирате продолжната
цевка без функција за заклучување
(опционален додаток), свиткајте ја и вметнете
ја во отворот за смукање на правосмукалката
во насока на стрелката. За откачување, завртете
и извадете ја исто така во насока на стрелката.
► Сл.21
За вадење, повлечете ја продолжната цевка додека
го притискате копчето за отпуштање.
► Сл.22: 1. Копче за отпуштање 2. Продолжна цевка
Кога ја користите папучата
ВНИМАНИЕ:
завртете ја и вметнете ја во насока на
стрелката за да се обезбеди поврзувањето
за време на работата. За да ја откачите
папучата, завртете ја и извадете ја, исто така
во насока на стрелката. Ако папучата се заврти
во спротивната насока, капсулата може да се
олабави.
За монтирање на папучата, свиткајте ја и вметнете
ја цврсто во отворот за смукање на правосмукалката
или крајот на продолжната цевка. За отстранување,
завртете ја и извадете ја.
► Сл.23
Чистење (смукање)
Додаток
Приклучете го додатокот за чистење маси, бироа,
мебел и сл. Додатокот лесно влегува на место.
► Сл.24: 1. Додаток
Додаток + издолжувач (права цевка)
Издолжувачот влегува помеѓу додатокот и самата
правосмукалка. Овој распоред е погоден за чистење
во стоечка положба.
► Сл.25: 1. Тело на правосмукалката 2. Продолжна
цевка 3. Додаток
Додаток за агли
Поставете го додатокот за агли за чистење на
аглите и недостапните делови на автомобилот или
мебелот.
► Сл.26: 1. Додаток за агли 2. Тело на
правосмукалката
48 МАКЕДОНСКИ
За да ја поврзете папучата,

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dcl281fz

Table of Contents