Makita HR006G Instruction Manual page 73

Hide thumbs Also See for HR006G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Контрола на постојаната брзина
Функцијата за контрола на постојаната брзина
обезбедува константна брзина на ротација, без
оглед на преоптовареноста.
Меко стартување
Функцијата за меко стартување го сведува почетниот
удар на минимум и овозможува машината да се
стартува глатко.
Технологија за препознавање
активен фидбек
Доколку алатот ненадејно се врти со однапред
определено забрзување поради блокирање на
бургијата итн., моторот насила запира за да се
намали товарот на зглобот.
НАПОМЕНА: Функцијата за технологијата за
препознавање активен фидбек не функционира
ако забрзувањето не ја достигне зададената
вредност.
НАПОМЕНА: Функцијата за технологијата за
препознавање активен фидбек се активира
токму кога бургијата ќе заврти со зададеното
забрзување при која било работа.
Во овој случај, отпуштете го прекинувачот
за стартување, а потоа повлечете го за да го
рестартирате алатот.
Електрична сопирачка
Алатот е опремен со електрична сопирачка. Ако
алатот постојано не успева брзо да запре по
отпуштање на прекинувачот за стартување, алатот
треба да се однесе на сервис во сервисен центар
на Makita.
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или
проверка на алатот, секогаш проверувајте дали
е исклучен и батеријата е извадена.
Странична рачка
► Сл.8
ВНИМАНИЕ:
Користете ја страничната
рачка само за делкање, делење или
демолирање. Не користете ја кога дупчите во
бетон, ѕидни материјали итн. Алатот не може
да се држи правилно со оваа странична рачка при
дупчење.
► Сл.9: 1. Странична рачка 2. Клемаста навртка
Страничната рачка може да се врти во вертикална
насока и да се зацврсти во која било позиција. Може
и да се нагодува во осум чекори нанапред и наназад
во хоризонтална насока. Опуштете ја клемастата
навртка за да ја свртите страничната рачка во
саканата позиција, а потоа цврсто стегнете ја.
Странична дршка (помошна
дршка)
ВНИМАНИЕ:
страничната дршка за да обезбедите безбедна
работа.
ВНИМАНИЕ:
прилагодувањето на страничниот држач,
проверете дали тој е цврсто затегнат.
Страничниот држач може да се врти, што дозволува
лесно ракување со алатот во која било позиција.
Олабавете го страничниот држач, вртејќи го налево,
свртете го во саканата позиција, а потоа зацврстете
го вртејќи го надесно.
► Сл.10: 1. Страничен држач
Поставување или отстранување
бургија
Подмачкување
Исчистете го крајот на оската на бургијата
и нанесете средство за подмачкување пред
монтирањето на бургијата.
Премачкајте го крајот на оската на бургијата
однапред со мала количина маст (околу 0,5 - 1 гр).
Подмачкувањето на клинот за сопирање обезбедува
мазно работење и подолг период на сервисирање.
► Сл.11: 1. Крај на оска 2. Подмачкување
Вметнете ја бургијата во алатот. Вртете ја бургијата и
туркајте ја навнатре додека не се блокира.
По монтирањето на бургијата, секогаш проверувајте
дали е безбедно прицврстена со тоа што ќе се
обидете да ја извлечете.
► Сл.12: 1. Бургија
За да ја отстраните бургијата, повлечете го капакот
за ослободување на дупчалката докрај и извлечете
ја бургијата.
► Сл.13: 1. Бургија 2. Капак за ослободување
Агол на длетото (при делкање,
делење или демолирање)
Длетото може да се прицврсти на саканиот агол.
За промена на аголот на длетото, свртете го
копчето за менување на режимот на активноста на
симболот
. Свртете го длетото на саканиот агол.
► Сл.14: 1. Копче за промена на работниот режим
2. Покажувач
Свртете го копчето за менување на режимот на
активноста на симболот
длетото е прицврстено во место со тоа што ќе го
свртите малку.
73 МАКЕДОНСКИ
Секогаш користете ја
По монтирањето или
. Потоа, проверете дали

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents