Download Print this page

Совети За Заштеда На Енергија - Electrolux LNT7ME34K1 User Manual

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Важни забелешки:
• Функцијата за заштита на компресорот ќе се активира по ненадејно сменување
струја или ако го исклучите производот од струја затоа што гасот во системот за
ладење не е уште стабилизиран. Ладилникот ќе започне да работи нормално по
5 минути. Не треба да се грижите.
• Ако нема да го користите ладилникот подолго време (на пр. за време на летниот
одмор), исклучете го од струја. Исчистете го ладилникот како што е посочено
во поглавјето 4 и оставете ја вратата отворена за да спречите појава на влага и
миризба.
• Ако проблемот опстојува откако сте ги следеле сите погоре дадени упатства,
повикајте го најблискиот овластен сервис.
• Ладилникот што го купивте е наменет за домашна употреба и може да се користи
само дома и за наменетата цел. Не е наменет за комерцијална или заедничка
употреба. Ако го користите ладилникот на начин којшто не соодветствува со
одликите, потенцираме дека производителот и застапникот не се одговорни за
поправките и дефектите во периодот на гаранцијата.
Совети за заштеда на енергија
1. Монтирајте го апаратот во студена и добро проветрена просторија, но не и на директна
сончева светлина и подалеку од извор на топлина (грејно тело, шпорет и сл.). Во
спротивно, користете плоча за изолација.
2. Оставете топлата храна и пијалаците за да се изладат надвор од апаратот.
3. Кога одмрзнувате замрзната храна, ставете ја во ладилникот. Ниската температура
на замрзнатата храна ќе помогне при ладењето на одделот за ладилникот при
одмрзнувањето. Така се намалува потрошувачката.
4. Пијалаците и зготвената храна треба да се во затворени садови кога се ставаат внатре.
Во спротивно, влагата се зголемува во апаратот. Така се продолжува и времето за
работа. Затворањето на пијалаците и течностите во садови помага да се зачуваат
миризбата и вкусот.
5. Кога ставате храна и пијалаци, држете ја вратата отворена колку што е можно пократко.
6. Затворајте ги капаците на сите комори во фрижидерот коишто имаат различна
температура (комора за свежа храна, разладување и сл.).
7. Гумата на вратите мора да биде чиста и еластична. Во случај на истрошеност, ако
вашата гума може да се оддели, заменете ја гумата. Ако не може да се оддели, треба
да ја замените вратата.
8. Функцијата за еко режим/стандардна поставка ја чува свежата и замрзнатата храна
штедејќи енергија.
9. Преграда за свежа храна (Фрижидер): Најефикасната искористеност на енергијата
се обезбедува во конфигурацијата со фиоките во долниот дел од уредот и полиците
рамномерно распределени, позицијата на корпите на вратата не влијаат на
потрошувачката на енергија.
10. Преграда за замрзнување (Замрзнувач): Внатрешната конфигурација на уредот е
таа што обезбедува најефикасна искористеност на енергија.
11. Не ги отстранувајте ладните акумулатори од корпата во замрзнувачот (ако постојат.).
MK -123-

Advertisement

loading