Download Print this page

Аларм За Отворена Врата; Предупредувања За Приспособување На Температурата - Electrolux LNT7ME34K1 User Manual

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
За време на режимот за супер-замрзнување:
• Температурата на ладилникот може да се приспособува. Во тој случај продолжува
режимот за супер-замрзнување.
• Не можете да го изберете економичниот режим.
• Може да го откажете режимот на супер-замрзнување на истиот начин како што
сте го избрале.
Забелешки:
• Максималната количина на свежа храна (во килограми) што може да се замрзне
за 24 часа е дадена на етикетата на производот.
• Активирајте го режимот за супер-замрзнување 3 часа пред да ја ставите свежата
храна во замрзнувачот за да ги постигнете најдобрите резултати од работата со
максимален капацитет за замрзнување.
Режимот за супер- замрзнување ќе се откаже автоматски по 24 часа зависно од
температурата во средината или кога сензорот на замрзнувачот ќе достигне
задоволителна ниска температура.
Аларм за отворена врата
Ако вратата на фрижидерот остане отворена повеќе од 2 минути, ќе слушнете звучен
сигнал.
Предупредувања за приспособување на температурата
• Приспособувањето на температурата треба да се направи согласно зачестеноста
на отворањето на вратата и количината храна што се чува во ладилникот.
• Не преминувајте на нова температура пред да го завршите приспособувањето.
• Ладилникот треба да работи 24 часа во амбиенталната температура без
прекинување откако ќе се вклучи за да се излади комплетно. Не отворајте ги често
вратите на ладилникот и не ставајте храна во текот на овој период.
• Функцијата за одложена работа од 5 минути се применува за да се спречи
оштетување на компресорот на ладилникот кога ќе го исклучите или вклучите
во струја повторно или кога ќе снема струја. Ладилникот ќе започне да работи
нормално по 5 минути.
• Ладилникот е дизајниран да работи во интервали на амбиентална температура
согласно стандардите и климатските услови посочени на етикетата со информации.
Ние не препорачуваме да го користите ладилникот
надвор од наведените вредности за температурата
во контекст на ефикасно ладење.
• Овој апарат е дизајниран да се користи во околина
со температурен опсег од 10 °C - 43 °C.
Важни упатства за поставување
Овој апарат е дизајниран да работи во тешки климатски
услови (до 43 °C или 110 °F) и користи технологија за
„заштита од замрзнување" со која што замрзнатата храна во замрзнувачот нема да се
одмрзне дури и кога температурата во средината би паднала до -15 °C. Според ова,
апаратот може да го сместите во незатоплена соба без да се грижите дека замрзнатата
храна ќе се расипе. Кога температурата во средината ќе се врати во нормала, можете
да го користите апаратот како и вообичаено.
Климатска
MK -110-
Амбиентална
класа
температура
T
Меѓу 16 и 43 (°C)
ST
Меѓу 16 и 38 (°C)
N
Меѓу 16 и 32 (°C)
SN
Меѓу 10 и 32 (°C)
C
o

Advertisement

loading