Download Print this page

Philips Avent SCF157 Manual page 11

Comfort breast shells

Advertisement

Важни безбедносни информации
Внимателно прочитајте ги овие важни информации пред да го
користите производот и зачувајте ги за во иднина.
Контраиндикации – Нема контраиндикации.
Несакани појави – При користење на производот може да
настанат следниве несакани појави: еритема, дерматитис,
габична инфекција, испукани или болни брадавици, тврди или
затнати млечни канали, инфекција, премалку млеко или премногу
млеко. Доколку имате кој било од овие симптоми, обратете се на
здравствен работник или советник за доење.
Предупредувања за да се избегне проголтување на мали
делови и задушување:
- Секогаш чувајте го овој производ под надзор на возрасни лица.
- Чувајте ги сите делови што не се користат надвор од дофатот
на деца.
- Не дозволувајте деца да си играат со малите делови или
материјалите за пакување.
Предупредување за спречување на пренесување заразни
болести:
- Ако сте мајка која е инфицирана со хепатитис Б, хепатитис Ц или
вирус причинител на имунитетски недостаток кај човекот (ХИВ),
измолзувањето мајчино млеко нема да го намали или отстрани
ризикот од пренесување на вирусот на вашето бебе преку
вашето мајчино млеко.
Други предупредувања:
- Внимателно проверете ја цуцлата пред секоја употреба. Ако
ви се чинат оштетени, престанете да ги користите школките за
гради за удобност и фрлете ги.
- Не користете го производот подолго од 40 минути за да го
спречите создавањето на преголем притисок врз млечните
канали.
- Ако имате прашања при користењето на школките за гради
за удобност (кои не се однесуваат на некаков проблем со
производот), посоветувајте се со здравствен работник или
специјалист за доење.
- Сите сериозни инциденти што настанале во врска со
овој производ треба да се пријават на Philips преку
www.philips.com/support и до надлежниот орган на земјата-
членка во која се водат корисникот и/или пациентот.
Чистење и дезинфицирање
Чекор 1. Чистење
Предупредување: Исчистете ги и стерилизирајте ги
сите делови пред првата употреба и по секоја употреба,
поради хигиенски причини и спречување контаминација.
Не користете силни средства за чистење кога ги чистите
школките за гради, бидејќи тоа може да предизвика
оштетување на производот.
1
Одделете ги школките за гради и потпорните перничиња.
2 Исчистете ги деловите во топла насапунета вода и исплакнете
ги со чиста вода.
3 Ако ги чистите во машина за миење садови, ставете ги
деловите на горната решетка.
4 Оставете ги да се исушат на чиста површина.
Чекор 2. Стерилизација (по чистењето)
Школките за гради се погодни за стерилизација со вриење во
вода.
Предупредување: Внимавајте, деловите може да бидат
жешки по стерилизирањето. За да спречите изгореници,
користете ги само откако ќе се изладат.
1
Ако ги вриете деловите во вода, оставете ги да вријат во
тенџерето 5 минути.
Внимание: Внимавајте деловите да не ги допираат ѕидовите на
тенџерето за време на стерилизирањето со вриење во вода.
2 Оставете ги да се исушат на чиста површина.
Користење на школките за гради за удобност
Предупредување: Темелно измијте ги рацете со сапун и
вода пред да ги допирате школките за гради без вентилација
и потпорните перничиња за да спречите контаминација.
За заштита на болните или испукани брадавици и олеснување
на набрекнатоста: Прикачете ги потпорните перничиња на
школките со вентилација и поставете ги во градникот. Отворите за
вентилација на школките за гради мора да бидат насочени нагоре.
Меките перничиња удобно ќе се обликуваат во форма на вашите
гради, а школките со форма на купола ќе ги заштитат болните
или испукани брадавици од триење. Отворите за вентилација
овозможуваат циркулација на воздухот. За олеснување на
набрекнатоста, школките за гради со потпорните перничиња
вршат нежен притисок околу ареолата и може да предизвикаат
бавно истекување на млеко.
За собирање на мајчиното млеко за подоцнежна употреба:
Прикачете ги потпорните перничиња на школките за гради без
вентилација (погледнете ја сликата на почетната страница од
ова упатство за употреба). Кога доите или измолзувате од едната
страна, поставете ја наместената школка за гради во градникот на
другата страна за да го собира млекото што истекува.
Чување мајчино млеко
Предупредување: За подоцнежна употреба треба да се
чува само мајчиното млеко собрано за време на доењето или
измолзувањето. Мајчиното млеко што било собирано подолг
период може да се контаминира.
За да ја испразните школката за гради, внимателно извадете
го потпорното перниче и претурете го мајчиното млеко во
стерилизиран сад. Ставете го во фрижидер или замрзнувач што
е можно поскоро. Мајчиното млеко може да се чува до 4 дена во
фрижидер или до 6 месеци во замрзнувач.
Чување на производот - Чувајте го на ладно и суво место.
Фрлање на производот - Според локалните прописи.
Поддршка
Посетете ја www.philips.com/support за список на најчесто
поставуваните прашања или за контакт со центарот за грижа на
корисници на Philips во вашата држава.
Технички информации
- Материјали: школки за гради со и без вентилација –
полипропилен (PP); потпорни перничиња – течна силиконска
гума (LSR)
- Температура на работа: 5 °C до 40 °C (41 °F до 104 °F)
- Работен век: 3 месеци
Објаснување на симболите
Знаците и симболите за предупредување се од суштинско
значење за осигурување дека го користите производот правилно
и безбедно и за ваша заштита и заштита на другите од повреда.
Овој симбол укажува на следново:
- да се следат упатствата за употреба (Сл. 1).
- важни информации како предупредувања и мерки на
претпазливост (Сл. 2).
- производителот (Сл. 3).
- дека производот е медицински уред (Сл. 4).
- дека производителот ги презел сите неопходни мерки за
осигурување дека производот е усогласен со важечката
законска регулатива за безбедност за дистрибуција во рамките
на Европската заедница (Сл. 5).
- каталошкиот број (Сл. 6).
- серискиот број на медицинскиот производ (Сл. 7).
- дека пакувањето треба да се рециклира и дека трошоците за
пакување се платени на организациите за рециклирање Зелена
точка (Сл. 8).
- дека некој предмет може да се рециклира – не дека предметот
е рециклиран или дека ќе биде прифатен во сите собирни
системи за рециклирање (Сл. 9).
- Forest Stewardship Council (Совет за управување со шумите) (Сл. 10).

Advertisement

loading

This manual is also suitable for:

Avent scf157/02