Makita DVC265 Instruction Manual page 77

Cordless backpack vacuum cleaner
Hide thumbs Also See for DVC265:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Инсталирање на безжичниот уред
ВНИМАНИЕ:
Поставете ја правосмукалката
на рамна и стабилна површина кога го
инсталирате безжичниот уред.
ЗАБЕЛЕШКА:
Исчистете го правот и
нечистотијата на правосмукалката пред да
го инсталирате безжичниот уред. Правот или
нечистотијата може да предизвикаат дефект
доколку дојдат во отворот на безжичниот уред.
ЗАБЕЛЕШКА:
За спречување дефект
предизвикан од статички електрицитет,
допрете материјал за статичко празнење, како
метален дел, пред да го подигнете безжичниот
уред.
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога го инсталирате
безжичниот уред, секогаш проверувајте дали
тој се вметнува во правилна насока и дали
капакот е целосно затворен.
1.
Отворете го капакот на правосмукалката како
што е прикажано на сликата.
► Сл.32: 1. Капак
2.
Вметнете го безжичниот уред во отворот и
потоа затворете го капакот.
Кога го инсталирате безжичниот уред, порамнете
ги издадените делови со вдлабнатите делови на
отворот.
► Сл.33: 1. Безжичен уред 2. Издаден дел 3. Капак
4. Вдлабнат дел
Кога го отстранувате безжичниот уред, полека
отворајте го капакот. Куките на задниот дел од
капакот ќе го подигнат безжичниот уред додека го
повлекувате.
► Сл.34: 1. Безжичен уред 2. Кука 3. Капак
По отстранувањето на безжичниот уред, чувајте го
во испорачаната кутија или сад без статика.
ЗАБЕЛЕШКА:
Секогаш користете ги куките
на задниот дел од капакот кога го отстранувате
безжичниот уред. Доколку куките на го фатат
безжичниот уред, целосно затворете го капакот и
потоа повторно отворете го.
Регистрација на алат за
правосмукалката
НАПОМЕНА: За регистрација на алатот, потребна
е правосмукалка на Makita што ја поддржува
функцијата за безжично активирање.
НАПОМЕНА: Завршете го инсталирањето на
безжичниот уред на алатот пред да ја стартувате
регистрацијата на алатот.
НАПОМЕНА: За време на регистрацијата
на алатот, не повлекувајте го прекинувачот
за стартување на алатот и не притискајте го
прекинувачот за смукање на правосмукалката.
НАПОМЕНА: Исто така, погледнете го
прирачникот со упатства на алатот.
Доколку сакате да ја активирате правосмукалката
заедно со менувањето на работата на алатот,
претходно завршете ја регистрацијата на алатот.
1.
Монтирајте ги безжичните уреди на
правосмукалката и алатот, соодветно.
2.
Монтирајте ги батериите на правосмукалката и
алатот.
3.
Поставете го прекинувачот за режим на
подготвеност на правосмукалката на „I (ON)".
► Сл.35: 1. Прекинувач за режим на подготвеност
4.
Држете го копчето за безжично активирање на
правосмукалката 3 секунди додека ламбичката за
безжично активирање не затрепка зелено. А потоа
на ист начин притиснете го копчето за безжично
активирање на алатот.
► Сл.36: 1. Копче за безжично активирање
2. Ламбичка за безжично активирање
Доколку правосмукалката и алатот се поврзат
успешно, ламбичките за безжично активирање ќе
засветат зелено 2 секунди и ќе почнат да трепкаат
сино.
НАПОМЕНА: Ламбичките за безжично активирање
ќе престанат да трепкаат зелено по 20 секунди.
Притиснете го копчето за безжично активирање
на алатот додека трепка ламбичката за безжично
активирање на правосмукалката. Доколку
ламбичката за безжично активирање не трепка
зелено, притиснете го кратко копчето за безжично
активирање и повторно задржете го.
НАПОМЕНА: Кога изведувате две или повеќе
регистрации за правосмукалката, завршете ја
регистрацијата на алатот едно по едно.
Стартување на функцијата за
безжично активирање
НАПОМЕНА: Завршете ја регистрацијата на алат
за правосмукалката за безжично активирање.
НАПОМЕНА: Секогаш поставувајте ја
правосмукалката така што ќе може да го видите
статусот на ламбичката за безжично активирање.
НАПОМЕНА: Исто така, погледнете го
прирачникот со упатства на алатот.
По регистрирање на алатот на правосмукалката,
таа ќе работи автоматски заедно со менувањето на
работата на алатот.
1.
Монтирајте ги безжичните уреди на
правосмукалката и алатот, соодветно.
2.
Монтирајте ги батериите на правосмукалката и
алатот.
3.
Поврзете го цревото од правосмукалката со
алатот.
► Сл.37
4.
Поставете го прекинувачот за режим на
подготвеност на правосмукалката на „I (ON)".
Ламбичката за безжично активирање ќе трепка сино.
► Сл.38: 1. Прекинувач за режим на подготвеност
77 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents