Makita DVC265 Instruction Manual page 75

Cordless backpack vacuum cleaner
Hide thumbs Also See for DVC265:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
НАПОМЕНА: Составот од свиткана цевка,
продолжната цевка и додатоците се доставуваат
како опционални додатоци во некои земји.
НАПОМЕНА: Има два типа состави од свиткана
цевка; едниот за продолжна цевка од типот
на лизгање, а другиот за продолжна цевка од
типот со прстен. Ако го подготвувате составот од
свиткана цевка, изберете го оној за саканиот тип
продолжна цевка.
1.
Зацврстете ја ниплата на составот од свиткана
цевка на цревото.
► Сл.15: 1. Црево 2. Состав од свиткана цевка
3. Нипла
За да го отстраните составот од свиткана цевка, олабавете
ја ниплата на составот од свиткана цевка од цревото.
2.
Свртете го и вметнете го додатокот на
продолжната цевка.
► Сл.16: 1. Продолжна цевка 2. Наставка
3. Додаток во облик на Т 4. Додаток во
облик на Т (тенка)
НАПОМЕНА: Со вртење на додатокот додека го
вметнувате, тој може безбедно да се прикачи на
продолжната цевка.
3.
Следете ја постапката подолу, зависно од типот
на продолжна цевка:
НАПОМЕНА: Продолжната цевка од типот на
лизгање и од типот со прстен не се компатибилни
една со друга. Ако сакате да ја смените
продолжната цевка од типот на лизгање со онаа
од типот со прстен или обратно, сменете го и
составот од свиткана цевка.
НАПОМЕНА: Наставката може да се прикачи
директно на составот од свиткана цевка.
За продолжна цевка од типот на лизгање
Ставете го телото на вакуумската правосмукалка
на рамо, а потоа вметнете ја продолжната цевка во
составот од свиткана цевка додека не кликне. За
да ја отстраните, извадете ја продолжната цевка
притискајќи го копчето.
► Сл.17: 1. Состав од свиткана цевка 2. Копче
3. Продолжна цевка од типот на лизгање
4. Наставка
Должината на цевката може да се нагодува.
Притискајќи го копчето за лизгање, нагодете ја
должината на цевката. Должината е фиксирана кога
ќе се отпушти копчето за лизгање.
► Сл.18: 1. Копче за лизгање
За продолжна цевка од типот со прстен
Ставете го телото на вакуумската правосмукалка на
рамо, а потоа завртете ја и вметнете ја продолжната
цевка во составот од свиткана цевка. За да ја
отстраните, завртете ја и извадете ја.
► Сл.19: 1. Состав од свиткана цевка
2. Продолжна цевка од типот со прстен
3. Наставка
Должината на цевката може да се нагодува.
Олабавете го прстенот на цевката и нагодувајте
ја нејзината должина. Стегнете го прстенот кај
саканата должина.
► Сл.20: 1. Прстен
Кука за црево
Кога ќе престанете со работа, куката и составот од
свиткана цевка може да се користат за закачување
на цевката на долниот ремен.
► Сл.21
Монтирање филтер-вреќа/вреќа
за прав
Опционален прибор
ВНИМАНИЕ:
филтер-вреќи. Секогаш користете ја
правосмукалката со правилно монтирана
филтер-вреќа. Во спротивно, правосмукалката
може да ги исфрли смуканите прав или
честици одзади и тие може да предизвикаат
болест на дишните патишта кај операторот.
ЗАБЕЛЕШКА:
вреќата, заменете ја со нова. Кога ќе биде полна
вреќата за прав, испразнете ја. Континуираната
употреба со полна филтер-вреќа/вреќа за прав ќе
доведе до намалена смукачка моќност.
1.
Деблокирајте го резето, кревајќи оддолу.
Притиснете го жлебуваниот дел за да се крене
предната закачена страна. Повлечете го резето за
да се отвори капакот.
► Сл.22: 1. Кука 2. Капак
2.
Ставете ја филтер-вреќата во процепот
на горната страна од комората, како што е
илустрирано.
► Сл.23: 1. Процеп 2. Филтер-вреќа
Кога ќе ја користите вреќата за прав, вметнете го
работ од вреќата за прав во процепот.
► Сл.24: 1. Процеп 2. Раб 3. Вреќа за прав
3.
Порамнете го отворот на филтер-вреќата со
обрачот на цревото, па притиснете го картонскиот
дел до крај. Уверете се дека гумениот прстен на
филтер-вреќата ќе дојде преку работ од обрачот на
цревото.
► Сл.25: 1. Гумен прстен на филтер-вреќата 2. Раб
на обрачот на цревото 3. Картонски
дел на вреќата за филтер 4. Обрач на
цревото
РАБОТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
да бидат соодветно обучени за користење на
правосмукалката.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
е погодна за смукање опасен прав.
75 МАКЕДОНСКИ
Не користете оштетени
Кога ќе биде полна филтер-
Операторите треба
Правосмукалката не

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents