Download Print this page

Makita DUX18Z Instruction Manual page 68

Cordless multi function power head
Hide thumbs Also See for DUX18Z:

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Електронска функција за
регулирање сила на вртење
Алатот автоматски открива ненадејно опаѓање на
брзината на ротацијата што може да предизвика
повратен удар. Во оваа ситуација, алатот
автоматски запира за да се спречи понатамошната
ротација на алатот за сечење. За да го рестартирате
алатот, отпуштете го прекинувачот за стартување.
Отстранете ја причината за ненадејно опаѓање на
брзината на ротацијата и потоа вклучете го алатот.
НАПОМЕНА: Оваа функција не е превентивна
мерка за повратни удари.
СОСТАВУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
алатот да е исклучен и касетата за батеријата
да е извадена пред да направите нагодување
или проверка на алатот. Ако не го исклучите
алатот и не ја извадите касетата за батеријата,
може да дојде до тешка телесна повреда
предизвикана од случајно стартување.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
стартувајте го алатот ако не е целосно
составен. Работењето со делумно составен алат
може да резултира со тешка телесна повреда
заради случајно стартување.
Монтирање на рачката
Прикачете ја рачката со испорачаните стеги и
завртки. Осигурете се дека рачката се наоѓа помеѓу
сепараторот и ознаката со стрелка. Немојте да го
отстранувате или смалувате разделникот.
► Сл.11: 1. Стега 2. Завртка со имбус-глава
3. Рачка 4. Ознака со стрелка
5. Сепаратор
Кога ќе ги користите следниве додатоци, прикачете
ја препреката на рачката со шрафот на препреката.
Додаток вртливи ножици
Додаток за тримерот за трева *
Додаток за порамнувачот на рабови
*. Само кога е прикачено метално сечило.
► Сл.12: 1. Препрека 2. Шраф
Монтирање на приклучната цевка
ВНИМАНИЕ:
По монтирањето, секогаш
проверувајте дали приклучната цевка е
прицврстена. Несоодветното монтирање може
да предизвика додатокот да падне од уредот за
напојување и да предизвика лична повреда.
Монтирајте ја приклучната цевка на уредот за
напојување.
1.
Свртете го лостот на уредот за напојување кон
страната на додатокот.
► Сл.13: 1. Лост
Секогаш уверете се
Никогаш не
68 МАКЕДОНСКИ
2.
Извадете го капакот од додатокот. Порамнете
ја иглата со ознаката со стрелка и вметнете ја
приклучната цевка додека не се појави копчето за
отпуштање.
► Сл.14: 1. Копче за отпуштање 2. Ознака со
стрелка 3. Чепче
3.
Свртете го лостот кон страната на уредот за
напојување.
► Сл.15: 1. Лост
Осигурете се дека површината на лостот е
паралелна во однос на цевката.
За да ја отстраните цевката, свртете го лостот во
насока на страната на додатокот и извлечете ја
цевката додека го притискате копчето за отпуштање.
► Сл.16: 1. Копче за отпуштање 2. Лост 3. Цевка
Нагодување на позицијата на
рачката
Нагодете ја позицијата на рачката за да можете
удобно да ракувате со алатот.
Олабавете ја завртката со имбус-глава на рачката.
Преместете ја рачката во удобна работна позиција,
а потоа стегнете ја завртката.
► Сл.17: 1. Рачка 2. Завртка со имбус-глава
Прикачување на појасот за рамо
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
внимателни во одржувањето контрола врз
алатот цело време. Не дозволувајте алатот да
се одбие кон вас или кој било во работната
област. Ако не одржувате контрола врз алатот,
може да дојде до тешка повреда на лицата во
близина или на операторот.
ВНИМАНИЕ:
Кога го користите алатот во
комбинација со тип на напојување од ранец
како што е пренослив пакет за напојување,
не користете го ременот за рамо вклучен
во пакувањето на алатот, туку користете го
висечкиот појас препорачан од Makita.
Ако го ставате ременот за рамо што е вклучен во
пакувањето на алатот и ременот за рамо од тип
на напојување од ранец во исто време, вадењето
на алатот или типот напојување од ранец е тешко
при итен случај и може да предизвика несреќа
или повреда. За препорачаниот висечки појас,
прашајте го овластениот сервисен центар на
Makita.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш користете го
ременот за рамо прикачен на алатот. Пред
работа, нагодете го ременот за рамо според
величината на корисникот за да се спречи
замор.
ВНИМАНИЕ:
Пред работа, осигурете се
дека ременот за рамо е соодветно прикачен на
закачалката на алатот.
Бидете многу

Advertisement

loading

This manual is also suitable for:

Dux180088381732079