Download Print this page

Makita DUX18Z Instruction Manual page 64

Cordless multi function power head
Hide thumbs Also See for DUX18Z:

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
18. Не користете го алатот при лоши временски
услови или ако постои ризик од громови.
19. Внимавајте да нема електрични кабли,
цевки за вода, цевки за плин итн. што може
да предизвикаат опасност доколку се
оштетат со употребата на алатот.
20. За време на работата, секогаш држете го алатот
со двете раце. Никогаш не држете го алатот со
една рака за време на неговата употреба.
21. Рачките нека бидат суви, чисти, без масло и
маснотии. Држете ги сите отвори за воздух
без нечистотии.
22. При работењето, користете го ременот за рамо.
Држете го алатот цврсто од вашата десна страна.
23. Не допирајте го куќиштето на преносниот
систем за време на и веднаш после
работењето. Куќиштето на преносниот систем
се вжештува при работењето и може да
предизвика изгореници.
24. Одморајте се за да спречите губење на контролата
заради замор. Препорачуваме да правите паузи за
одмор од по 10 до 20 минути секој час.
25. Избегнувајте опасни средини. Не користете
го алатот на влажни места и не изложувајте
го на дожд. Ако навлезе вода во алатот, тоа
може да го зголеми ризикот од струен удар.
26. Не фрлајте ги батериите во оган. Ќелијата може
да експлодира. Проверете ги локалните прописи
за можни упатства за специјален отпад.
27. Не отворајте ги и не уништувајте ги батериите.
Електролитот што се ослободува е корозивен и
може да предизвика оштетување на очите или
кожата. Може да е токсичен ако се голтне.
28. Не полнете ја батеријата на дожд или на
влажни места.
Лична заштитна опрема
► Сл.1
1.
Носете заштитен шлем, заштитни очила и
заштитни ракавици за да се заштитите од
разлетан отпад или предмети што паѓаат.
2.
Носете заштита за уши, како на пример тампони
за уши, за да спречите загуба на слухот.
3.
Носете соодветни облека и чевли за сигурна
работа, како на пример работен комбинезон
и цврсти чевли што не се лизгаат. Не носете
лабава облека или накит. Лабавата облека,
накитот или долгата коса можат да бидат
зафатени од подвижните делови.
Кога го допирате сечилото, носете заштитни
4.
ракавици. Сечилата може да нанесат сериозни
исеченици врз голите раце.
Повратен удар (потисок на сечилото)
1.
Повратен удар (потисок на сечилото) е ненадејна
реакција на зафатеното или заглавеното сечило.
Штом настане, алатот отскокнува странично или
кон операторот со голема сила и тоа може да
предизвика тешка повреда.
Повратните удари особено настануваат кога
2.
сегментот на сечилото се применува помеѓу
12 и 2 часот на тврди предмети, грмушки и
дрвја со дијаметар од 3 цм или повеќе.
► Сл.2
3.
За да избегнете повратен удар:
Применувајте го сегментот помеѓу 8 и
1.
11 часот.
2.
Никогаш не применувајте го сегментот
помеѓу 12 и 2 часот.
3.
Никогаш не применувајте го сегментот
помеѓу 11 и 12 часот, и помеѓу 2 и 5
часот, освен ако операторот не е добро
обучен и искусен и тоа го прави на свој
сопствен ризик.
4.
Никогаш не користете сечила во близина
на тврди предмети, како што се огради,
ѕидови, стебла на дрва и камења.
5.
Никогаш не користете ги сечилата
вертикално за операции како рамнење
рабови или поткастрување живи
огради.
► Сл.3
Вибрации
1.
Лицата со слаба циркулација, што се
изложени на прекумерни вибрации, може да
се здобијат со повреди на крвните садови
и на нервниот систем. Вибрациите можат да
го предизвикаат следново на прстите, рацете
или зглобовите: „заспивање" (отрпнување),
треперење, болка, чувство на бодеж, менување
на кожата или нејзината боја. Ако се појави кој
било од наведените симптоми, посетете лекар!
2.
За да го намалите ризикот од „болест на
бел прст", држете ги рацете топли за време
на работата и добро одржувајте ги алатот и
приборот.
Важни безбедносни упатства за
касетата за батеријата
1.
Пред користење на касетата за батеријата,
прочитајте ги сите упатства и ознаки
за претпазливост на (1) полначот за
батеријата, (2) батеријата и (3) производот
што ја користи батеријата.
2.
Не расклопувајте ја, ниту експериментирајте
со касетата за батеријата. Тоа може да
резултира со оган, прекумерна топлина или
експлозија.
3.
Ако оперативното времето станало
прекумерно кратко, престанете веднаш со
работа. Тоа може да резултира со ризик од
прегревање, можни изгореници, па дури и
експлозија.
4.
Ако електролит навлезе во вашите очи,
измијте ги со чиста вода и побарајте
медицинска нега веднаш. Тоа може да
резултира со губење на вашиот вид.
Не предизвикувајте спој на касетата за
5.
батеријата.
Не допирајте ги контактите со никаков
(1)
проводлив материјал.
(2) Избегнувајте да ја чувате касетата
за батерија во сад со други метални
предмети како што се шајки, монети и сл.
(3)
На изложувајте ја касетата за
батеријата на вода или дожд.
64 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

loading

This manual is also suitable for:

Dux180088381732079