Makita DRC200Z Instruction Manual page 171

Hide thumbs Also See for DRC200Z:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
КОПЧИЊА И
ИНДИКАТОРИ
Детали за деловите може да најдете со
пребарување на бројот на слика што соодветствува
на секој дел во овој документ (на пр. побарајте ја
„Сл. F-8" за
копчето НАПОЈУВАЊЕ).
Роботизиран чистач (Сл. F)
1. Контролна ламбичка
2.
Ламбичка за сигнализирање на проблем
3.
Ламбичка за одржување на филтер
4.
Ламбичка за одржување на четка
5.
Индикатори за батерија (за батерија од
десната и левата страна)
6.
Копче и ламбички на тајмер
7.
Копче и ламбички за режим на крстосување
: Режим по шема
: Режим по случаен избор
8.
Копче за НАПОЈУВАЊЕ (стартување/
запирање)
9.
Копче и ламбичка со звучен сигнал
10.
Копче и ламбичка за вшмукување
11.
Копче и ламбичка за сензор за граница
Далечински Управувач (Сл. G)
1.
Копче ИСКЛУЧУВАЊЕ
2.
Копче Стартување/Запирање
3.
Сигнално копче за локација
4.
/
Копчиња за режим на крстосување
5.
Копче тајмер
6.
Копче за звучен сигнал
7.
Копче за вшмукување
ПРЕД УПОТРЕБА
Склопување и поставување
батерија
ВНИМАНИЕ: Секогаш проверувајте дали
роботизираниот чистач е ИСКЛУЧЕН пред да
вршите каква било работа врз роботизираниот
чистач.
Испорачан прибор
Проверете дали предметите од следниот список се
вклучени во пакувањето.
• Батерии со големина AAA (LR03) (x2)
• Странични четки (x4, вклучени две резервни
четки)
• Шрафови за поставување на страничната четка
(x4)
• Лента за граница (15 m x1)
• Упатство за работа (x1)
• Брзо упатство за започнување со работа (x1)
• Забелешки за употреба (x1)
Поставување на странични четки (Сл. А)
Поставете ги страничните четки на двете страни на
предниот долен дел на роботизираниот чистач.
НАПОМЕНА: Пред да работите, проверете дали
сте послале крпа или друг материјал за заштита
на подот за да спречите оштетување на подот и на
роботизираниот чистач (Сл. B).
1. Поставете ја страничната четка на главата на
ротирачкото вратило на роботизираниот чистач
со жлебот на четката вклопен во главата на
вратилото.
2. Прицврстете ја страничната четка користејќи го
испорачаниот шраф.
НАПОМЕНА: Проверете дали роботизираниот
чистач се користи со поставени странични четки.
Поставување батерии
Порамнете го жлебот (Сл. C-2) на батеријата со
јазичето (Сл. C-3) на лежиштето на батеријата и
лизнете ја на своето место. Ставете ја до крај се
додека не се намести на своето место со мало
кликнување.
Ако може да го видите црвениот индикатор (Сл.
C-1) на горната страна од копчето за ослободување,
батеријата не е целосно заклучена.
ВНИМАНИЕ: Мора да се води грижа при
поставувањето на батериите за да не се фатат
прстите помеѓу лежиштето и батеријата.
Роботизираниот чистач работи само со една
батерија поставена на кое било од лежиштата за
батерија.
За да ја извадите батеријата, лизнете ја од
лежиштето на батеријата додека го притискате
копчето за ослободување (Сл. D-1) на батеријата.
Поставување батерии во далечинскиот
управувач (Сл. Е)
Лизнете го капачето на делот за батерии и поставете
две батерии со големина AAA (LR03), водејќи сметка
правилно да го порамните поларитетот (+/–).
НАПОМЕНА: Не користете заедно нови и стари
батерии, и не користете заедно различни типови
на батерии.
НАПОМЕНА: Извадете ги батериите, ако
далечинскиот управувач не се употребува долго
време.
ВНИМАНИЕ: Ако кожата или очите дојдат
во контакт со истекување на електролити од
батериите, веднаш измијте ги со вода.
Спарување на роботизираниот чистач и
далечинскиот управувач
Роботизираниот чистач доаѓа веќе спарен со
далечинскиот управувач. Сепак, постапката на
спарување мора да се изврши повторно ако го
замените далечинскиот управувач.
171 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Drc200

Table of Contents