Инсталирање На Микробрановата Печка; Што Да Направите Ако Се Сомневате Или Имате Проблем - Samsung ME71A User Manual

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 97
ИНСТАЛИРАЊЕ НА МИКРОБРАНОВАТА ПЕЧКА
Поставете ја печката на рамна површина на височина од 85 cm
од подот. Површината треба да е доволно цврста за да ја издржи
тежината на печката.
1. Кога ја поставувате печката, оставете соодветен
простор за вентилација од најмалку
10 cm (4 инчи) одзади и од страните и
20 cm (8 инчи) одгоре.
2. Отстранете ја амбалажата од внатрешноста на
печката.
Проверете дали чинијата се врти слободно.
3. Микробрановата печка треба да се постави така
да приклучокот биде достапен.
Доколку кабелот за напојување е оштетен, треба да се замени со
специјален кабел кој може да го набавите од производителот или
сервисерот.
За ваша безбедност, приклучете го кабелот во 3-пински,
230 волти, 50 Hz, AC приклучок со заземјување. Ако кабелот од
уредот е оштетен, треба да се замени со специјален кабел.
Не поставувајте ја микробрановата печка во топла и влажна
околина како на пример во близина на шпорет или радијатор.
Спецификациите за напојување на печката треба да се почитуваат
и секој продолжителен кабел треба да ги задоволува истите
стандарди кои важат за кабелот кој се испорачува со печката.
Пред првото користење на микробрановата печка избришете ја
внатрешноста и вратата за затворање со влажна крпа.
ME71A-BOL_DE68-03794C_MK.indd 8
ШТО ДА НАПРАВИТЕ АКО СЕ СОМНЕВАТЕ ИЛИ ИМАТЕ
ПРОБЛЕМ
Ако се соочувате со некој од проблемите наведени подолу, испробајте ги
понудените решенија.
20 cm
10 cm
Ова е нормално.
одгоре
одзади
• Кондензација во внатрешноста на печката.
• Струење на воздух околу вратата и надворешноста.
85 cm од
10 cm од
• Рефлексија на светлина околу вратата и надворешноста.
подот
страна
• Излегување на пареа од вратата или вентилационите отвори.
Печката не се активира кога ќе го притиснете копчето за ВРЕМЕ.
• Дали вратата е целосно затворена?
Храната воопшто не е зготвена.
• Дали правилно сте го поставиле времето?
• Дали вратата е затворена?
• Дали сте го преоптовариле електричното коло и дошло до избивање на
осигурувачот?
Храната е премногу или недоволно зготвена.
• Дали сте поставиле соодветно времетраење на готвењето за одредениот
тип на храна?
• Дали сте избрале соодветна јачина?
Се јавуваат искри и звуци во внатрешноста на печката (електрично
празнење).
• Дали сте користеле сад со метални делови?
• Дали сте оставиле вилушка или друг метален прибор во внатрешноста на
печката?
• Дали алуминиумската фолија е премногу блиску до внатрешните ѕидови?
Печката предизвикува пречки кај радиоприемниците или телевизорите.
• Додека се користи печката може да се јават мали пречки кај
радиоприемниците или телевизорите. Ова е нормално. За да го
отстраните проблемот, поставете ја печката подалеку од телевизорите,
радиоприемниците и антените.
Доколку со помош на горните совети не можете да го решите проблемот,
обратете се до вашиот локален продавач или до SAMSUNG сервисниот
центар.
8
2011-09-01
12:41:04

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents