Bosch Professional GCM 8 SJL Original Instructions Manual page 299

Hide thumbs Also See for Professional GCM 8 SJL:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 23
Кракот на аголното мерило мора да биде прецизен по
целата должина со сечилото за пила (12).
Подесување (види слика R2)
– Олабавете ја контра-навртката на завртката-
граничник (56) со обичен окаст или вилушкаст клуч
(10 mm).
– Завртете ја завртката-граничник навнатре или
нанадвор, додека кракот од аголното мерило не е
рамен по целата должина со сечилото за пила.
– Повторно затегнете го затезниот лост (39).
– Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на
завртката-граничник (56).
Доколку агломерот (41) по подесувањето не е во иста
линија со 45° ознаката на скалата (40), најпрво
проверете ја повторно 0° поставката за вертикалниот
агол на закосување и агломерот. Потоа повторете го
подесувањето за вертикалниот 45°-агол на закосување.
Израмнување на скалата за хоризонтален агол на
закосување
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила (16) до жлебот (25) за 0°.
Рачката (22) мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверка (види слика S1)
– Поставете агломер на 90° помеѓу граничната водилка
(14) и сечилото за пила (12) на масата за пила (16).
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со сечилото за пила (12).
Подесување: (види слика S2)
– Олабавете ги сите четири завртки за подесување (58)
со крстест одвртувач и свртете ја масата за пила (16)
заедно со скалата (18), додека кракот на агломерот не
лежи рамно по целата должина на сечилото за пила.
– Повторно затегнете ги завртките.
Доколку по подесувањето агломерот (24) не е во линија
со 0° ознаката на скалата (18), олабавете ја
завртката (57) со обичен крстест одвртувач и насочете го
агломерот по должина на 0° ознаката.
Транспорт (види слика T)
Пред транспортот на електричниот алат мора да ги
извршите следните чекори:
– Олабавете ја завртката за фиксирање (32), доколку
таа е затегната. Извлечете ја рачката на алатот целосно
нанапред и повторно затегнете ја завртката за
фиксирање.
– Проверете дали граничникот за длабочина (31) е
притиснат сосема навнатре и завртката за подесување
(4) при движењето на кракот на алатот минува низ
отворот без да го допре граничникот за длабочина.
– Подесете го електричниот алат во транспортна
позиција.
– Отстранете ги деловите на опремата, кои не може
цврсто да се монтираат на електричниот алат.
Неискористените листови за пила, доколку сакате да
ги транспортирате ставете ги во затворена кутија.
Bosch Power Tools
– Врзете го струјниот кабел со лепливата лента (59).
– Електричниот алат носете го со транспортната рачка
(3) или фатете го за жлебовите за држење (27)
странично на масата за пила.
За транспортирање на електричниот алат,
u
користете ги секогаш уредите за транспорт, а не
заштитните уреди.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
Осцилаторниот заштитен капак мора секогаш да се движи
слободно и самостојно да се затвора. Пределот околу
осцилаторниот заштитен капак секогаш треба да биде
чист.
Отстранете ја правта и струготините со издувување со
компресиран воздух или со четка по секоја работна
постапка.
Редовно чистете го лизгачкиот валјак (6).
За чистење на ласерската единица свртете го поклопецот
на ласерот (60) нанадвор и отстранете ја правта со четка
(види слика U).
Опрема
Столарска стега
Плочи за вметнување
Ќеса за прав
Граничник за должина
Завртка за блокирање на
граничникот за должина
Сечила за пила за дрво и плочести материјали,
панели и лајсни
Сечило за пила 216 x 30 mm,
48 запци
Сечила за пила за пластика и неметали
Сечило за пила 216 x 30 mm,
80 запци
Сечило за пила 216 x 25,4 mm,
80 запци
Сечила за пила за сите видови ламинатни подови
Македонски | 299
Број на дел/
артикл
1 609 B04 224
1 609 B03 717
1 609 B05 010
1 609 B02 365
1 609 B00 263
2 608 640 641
2 608 640 447
2 608 642 993
1 609 92A 5U7 | (14.09.2020)

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents