Download Print this page

Milwaukee M18 FNCS18GS Original Instructions Manual page 127

Hide thumbs Also See for M18 FNCS18GS:

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
Секогаш да бидат свесни дека со злоупотреба и неправилно
ракување со оваа алатка може да се повредите себи си или
некој друг.
Алатката е наменета за употреба со една рака. Немојте да го
држите алатот со предниот дел од магацинот. Не ставајте ги
рацете, главата или некои други делови од телото во близина
на дното од магацинот кога шајката излегува од алатката,
бидејќи може да предизвикате сериозни повреди.
Секогаш осигурајте се дека контактот на парчето што се
работи е целосно позициониран над парчето што се работи.
Позиционирањето на контактот на парчето што се работи само
парцијално над него може да предизвика шајката целосно да
го промаши парчето кое се работи и да доведе до сериозна
повреда.
Немојте да забивате шајки близу до работ на материјалот.
Парчето што се работи може да се распука и шајката може да
се врати и да ве повреди вас или вашиот колега. Ве молиме да
земете во предвид дека шајката може да ја следи текстурата
на дрвото, со што неочекувано може да штрчи странично од
работниот материјал или да се отклони, а можно е и да
предизвика повреди.
Држете ги рацете и другите делови од телото понастрана од
непосредната работна површина. Држете го парчето што се
работи со стегачи кога е потребно, со што ќе се заштитат
рацете и другите делови од телото од несакани последици.
Осигурајте се дека парчето што се работи е прописно
прицврстено пред да ја притиснете шајката во материјалот.
Контактот на парчето што се работи може да предизвика
неочекувано поместување на работниот материјал. Држете го
лицето и другите делови од телото подалеку од задниот дел од
алатката кога работите на ограничени површини. Неочекуван
повратен удар може да предизвика влијание врз телото,
особено кога се забиваат шајки во тврд или компактен
материјал.
При нормална употреба на алатката, алатката ќе се врати во
првичната положба веднаш штом ќе биде забиена иглицата.
Тоа е нормална функција на алатката. Немојте да се обидете
да го спречите повратниот удар држејќи ja алатката на
материјалот. Обидот да се спречи повратен удар може да
резултира со испукување на втора иглица. Цврсто држете ја
рачката, дозволете и на алатката да ја врши својата работа и
не ја ставајте другата рака на врвот од алатката или близу до
одводот за издувни гасови. Непочитувањето на ова
предупредување може да предизвика сериозни повреди.
Немојте да забивате шајки над други шајки или под стрмен
агол, бидејќи тоа може да предизвика скршнување на шајката
што пак може да доведе до повреда.
Секогаш да се проверува работната површина за постоење на
скриени електрични кабли, гасоводни цевки, водоводни цевки,
итн., пред да се користи алатката на ваква работна површина.
По користењето на производот во режим на контактно
активирање, вратете го на целосен сериски режим.
Длабочината на аплицирањето на шајката може да се подеси
под воздушен притисок. Ве советуваме најпрво да ја тестирате
длабочината на парчето кое се работи со цел да се утврди
потребната длабочина за аплицирање на шајката.
Само шајки што одговараат на описот даден во технички
податоци може да се користи со оваа алатка. Користењето на
несоодветни шајки може да доведе до нивно заглавување или
до други дефекти.
Да не се селектира режимот на работа на контактно
активирање кога се работи на скелиња, скали или на
платформи каде што е неопходно да се менува позицијата на
телото. На тој начин може ненамерно да се испука шајка со
неадекватно активирање на контактот на парчето за работа
додека човек се движи, а доколку е активиран режимот на
работа на контактно активирање. Доколку е неопходно
движење, изберете го режимот на работа на целосно сериско
активирање или целосно деактивирајте ја алатката со тоа што
ќе ги отстраните батериите. На овој начин се намалува
можноста за повреди кај вас или кај други лица.
470 328 - M18FNCS18G.indd 127
470 328 - M18FNCS18G.indd 127
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и
не горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги собираат старите
батерии, со што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од
краток спој).
Метални парчиња не смеат да навлезат во делот за полнење
на батерија (ризик од краток спој).
Користете исклучиво Систем18 V за полнење на батерии од18
V систем. Не користете батерии од друг систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги
само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Киселината од оштетените батериите може да истече при
екстремен напон или температури. Доколку дојдете во контакт
со исатата, измијте се веднаш со сапун и вода. Во случај на
контакт со очите плакнете ги убаво најмалку 10минути и
задолжително одете на лекар.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар, од
наранувања или од оштетување на производот, коишто ги
создава краток спој, не ја потопувајте во течност алатката,
заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и во
батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или
електроспроводливи течности, како солена вода, одредени
хемикалии, избелувачки препарати или производи кои содржат
избелувачки супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Хефталката е наменета за забивање на иглици во дрво или
слични меки материјали од магацинот кој содржи лента од
соодветни иглици. Иглиците кои можат безбедно да се
наполнат во магацинот за овој производ се дадени во табелата
на спецификации на производот во овој прирачник. Немојте да
користите друг тип на иглици. Хефталката не смее да се
користи за фиксирање на електрични кабли.
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен
пропишаниот за нормална употреба.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Во своја сопствена одговорност изјавуваме дека под "Технички
податоци" опишаниот производ е во склад со сите релевантни
прописи од регулативата 2011/65/EU (RoHS), 2014/30/EU,
2006/42/EC и следните хармонизирачки нормативни
документи:
EN 60745-1:2009+A11:2010
EN 60745-2-16:2010
EN 55014-1:2017
EN 55014-2:2015
EN IEC 63000:2018
Winnenden, 2020-01-13
Alexander Krug
Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10
71364 Winnenden
Germany
МАКЕДОНСКИ
127
09.03.2020 20:10:23
09.03.2020 20:10:23

Advertisement

loading

This manual is also suitable for:

M18fn18gs-202xM18fn18gs-0x4000474126