Bosch ALR 900 Original Instructions Manual page 199

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 11
Приклучување на струја
Волтажата прикажана на натписната
плочка мора да биде иста со
волтажата на електричната мрежа.
Советуваме овој уред да биде
приклучен на струја преку утикач со
заштитен уред за заостаната струја
што се активира при промена на
јачината на струјата од 30 mA.
При замената на напојниот кабел
користете само кабли препорачани
од производителот на косачката.
Бројот на нарачката и видот на
кабелот пронајдете ги во
упатството за употреба.
Ниикогаш не допирајте го утикачот
со мокри раце.
Не газете ги, не превиткувајте ги и
не тегнете ги напојниот или
продолжниот кабел, бидејќи на тој
начин можат да се оштетат.
Заштитете го кабелот од топлина,
масло и оштри рабови.
Користениот продолжен кабел мора
да биде водоотпорен и со соодветен
пресек односно дебелина. Врската
не смее да се наоѓа во вода.
Секогаш носете заштитни ракавици
кога работите со оштри сечила или
во нивна близина.
Безбедност од електричен удар
Внимание! Извадете го напојниот
кабел од утикач пред да ја
прегледувате или чистете
машината. Истото важи и ако
кабелот е оштетен, прекинат или
сплеткан.
По исклучувањето на мажината,
запците/сечилото продолжуваат
да вртат уште неколку секунди.
Bosch Power Tools
Внимавајте – не допирајте ги
запците/сечилото додека се вртат.
Вашата косачка е двојно изолирана и
не и е потребно заземјување.
Работен напон е 230 V AC, 50 Hz (за
не-ЕУ земји, 220 V, 240 V, во
зависност од верзијата). Користете
само одобрени продолжни кабли.
Повеќе информации околу тоа
можете да добиете кај овластениот
застапник на Bosch.
Користете само продолжни кабли кои
се во склад со H05VV-F, H05RN-F или
IEC (60227 IEC 53, 60245 IEC 57).
Ако имате потреба да користите
продолжен кабел, тој мора да ја има
една од следниве димензии:
2
– 1,0 mm
: максимална должина 40 m
2
– 1,5 mm
: максимална должина 60 m
2
– 2,5 mm
: максимална должина
100 m
Забелешка: Ако користите
продолжен кабел, тој мора да биде
заземјен преку напојната мрежа, во
склад со важечките прописи.
За дополнителни иформации
контактирајте лиценциран електричар
или најблискиот Bosch сервис.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Несоодветните продолжни кабли
можат да бидат опасни.
Продолжниот кабел, утикачот и
спојот со продолжниот кабел
мораат да бидат водоотпорни.
Споевите на каблите треба да бидат
суви и да не лежат во вода.
За подобра безбедност користете
резидуален уред (РЦД) кој се
активира на отстапување од 30 mA.
Македонски | 199
F 016 L81 256 | (11.3.15)

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Avr 1100

Table of Contents