Инсталација И Ракување Со Вашиот Фрижидер - Electrolux LUT7ME28X2 User Manual

Hide thumbs Also See for LUT7ME28X2:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
• коцки мраз веднаш откако ќе ги извадите од замрзнувачот!
• Немојте повторно да ги замрзнувате храните кои еднаш се одмрзнале. Тоа
може да предизвика здравствени проблеми од типот на труење со храна.
• Не го покривајте телото и врвот на фрижидерот со чаршаф. Тоа влијае на работата
на фрижидерот.
• Обезбедете ги внатрешните додатоци во апаратот за да не се оштетат при
преместување.
• Кога е затворена вратата на замрзнувачот, додаѓа до вакумирање. Почекајте
1 минута за да ја отворите повторно.
• Оваа апликација е опционална за
лесно отварање на вратата. Со оваа
апликација, може да се појави блага
кондензација околу овој простор.
Инсталација и ракување со вашиот
фрижидер
Пред да почнете да го користите фрижидерот, обрнете внимание на следниве работи:
• Работниот напон на фрижидерот е 220-240 волти при 50 херци.
• Приклучокот мора да биде на дофат после инсталацијата.
• При првото вклучување може да се појави мирис. Ќе исчезне кога уредот ќе почне
да лади.
• Пред да поврзете во струјно коло, осигурете се дека напонот означен на плочката
со името на уредот одговара на напонот во вашата мрежа дома.
• Вклучете го приклучокот во штекер со ефикасно заземјување. Доколку штекерот
не е заземјен или не одговара, ви препорачуваме да повикате авторизиран
електричар да ви помогне.
• Уредот мора да биде поврзан на штекер со соодветен осигурувач.
Напојувањето и напонот на напојната точка мора да соодветствуваат
со деталите на плочката на уредот (таа се најдува на внатрешната
лева страна на уредот).
• Не преземаме одговорност за штета настаната поради незаземјени
приклучоци.
• Поставете го фрижидерот на добро место кое нема да биде изложено на директна
сончева светлина.
• Фрижидерот не смее никогаш да се користи на отворено или да се остава на дожд.
• Треба да биде на најмалку 50 см од извори на топлина како шпорети, фурни,
радијатори и печки и најмалку на 5 см од електрични фурни.
• Ако фрижидерот е веднаш до сандак за длабоко замрзнување, неопходно
е да се остави најмалку 2 см помеѓу нив со цел да се избегне кондензација на
надворешните површини.
• Не оставајте тешки предмети на уредот.
• Целосно чистете го уредот, особено во внатрешноста, пред да го користите (видете
го делот Чистење и одржување).
• Процедурата за инсталирање во кујнските елементи е дадена во прирачникот за
инсталација. Уредов е наменет за користење единствено во соодветни кујнски
елементи.
MK - 112 -

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents