Makita EM3400U Original Instruction Manual page 109

Petrol brushcutter
Hide thumbs Also See for EM3400U:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Стартувајте ја косилката само во согласност со упатствата.
– Не користете никаков друг начин за стартување на моторот!
– Користете ги косилката и алатите само за онакви примени за кои се
наменети.
– Моторот стартувајте го само откако ќе целосното склопување е завршено.
Работењето со уредот е дозволено само откако ќе се прикачат сите
соодветни додадоци!
– Пред стартувањето, осигурете се дека алатот за сечење не е во допир со
тврди предмети како што се гранки, камења итн бидејќи алатот ќе почне да
врти откако ќе се стартува.
– Во случај на проблеми со моторот, тој мора веднаш да се исклучи.
– Ако алатот за сечење удри во камења или други тврди предмети, веднаш
исклучете го моторот и проверете го алатот за сечење.
– Проверувајте на редовни, кратки временски интервали дали алатот за
сечење има оштетувања (проверка за пукнатини со потчукнување и
одредување според звукот).
– Ако опремата се здобие со тежок удар или пад, проверете ја нејзината
состојба пред да продолжите со работа. Проверете дали во системот за
гориво има протекувања, и проверете ги контролите и безбедносните уреди
за дефекти. Доколку има какво било оштетување или сомнеж, побарајте
проверка и поправка од овластен сервисен центар.
– Ракувајте со опремата само со прикачен ремен за рамо кој треба адекватно
да се прилагоди пред да се стави косилката во функција. Од клучна
важност е ременот за рамо да се прилагоди во согласност со големината на
корисникот за да се спречи замор кој настанува заради работата. Никогаш
не држете ја косилката со една рака за време на нејзината употреба.
– За време на работењето, секогаш држете ја косилката со двете раце.
Секогаш обезбедете сигурна потпора со нозете.
– Ракувајте со опремата на таков начин што да избегнувате вдишување
на издувните гасови. Никогаш не стартувајте го моторот во затворени
простории (ризик од труење со гас). Јаглерод моноксид е гас без мирис.
– Исклучете го моторот кога се одмарате и кога ја оставате опремата без
ваше присуство, и поставете ја на сигурно место за да спречите опасност
по другите или оштетување на машината.
– Никогаш на оставајте ја загреаната косилка врз сува трева или какви било
запаливи материјали.
– Секогаш монтирајте го одобрениот заштитник за алатот за сечење на
опремата пред да го стартувате моторот.
Во спротивно, допирот со алатот за сечење може да предизвика сериозна
повреда.
– Сите заштитни инсталации и заштитници што се испорачуваат заедно со
машината мора да се користат при нејзината употреба.
– Никогаш не стартувајте го моторот со неисправен пригушувач за издувникот.
– Исклучете го моторот за време на транспортот.
– Кога ја транспортирате опремата, секогаш поставувајте го капакот на
металното сечило.
– Осигурете безбедна положба на опремата при транспортирање со
автомобил за да се избегне протекување на горивото.
– При транспортирањето, осигурете се дека резервоарот за гориво е целосно
празен.
– Кога ја растоварувате опремата од камион, никогаш не испуштајте го
моторот на земја бидејќи може да се оштети резервоарот за гориво.
– Освен во итен случај, никогаш не испуштајте ја и не оставајте ја опремата
на земја бидејќи тоа може сериозно да ја оштети опремата.
– Запомнете да ја подигнете сета опрема од земјата пред да ја придвижите.
Многу е опасно ако се влече резервоарот за гориво по земјата и тоа може
да предизвика оштетување и протекување на гориво, можеби и пожар.
– Избегнувајте допир со придушувачот на издувникот. При работењето, тој
станува многу жежок.
– Не вклучувајте го моторот во средини каде што постои опасност од
експлозија, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или
прашина. Моторот создава искри што можат да ја запалат прашината или
чадот.
Полнење гориво
– Исклучете го моторот за време на полнењето гориво, држете се настрана од
оган и не пушете.
– Избегнувајте вашата кожа да дојде во допир со производи од минерални
масла. Не вдишувајте пареа од горивото. Секогаш носете заштитни
ракавици за време на полнењето гориво. Менувајте ја и перете ја
заштитната облека на редовни временски интервали.
– Внимавајте да не истурите гориво или масло за да не дојде до загадување
на почвата (заштита на животната средина). Исчистете ја косилката веднаш
откако дошло до излевање на гориво.
– Избегнувајте горивото да дојде во каков било допир со вашата облека. Ако
се истурило гориво врз облеката, веднаш пресоблечете се и заменете ја (за
да не се запали облеката).
– Проверувајте го капачето за горивото на редовни временски интеервали
осигурувајќи дека може сигурно да се затвори и дека не протекува.
– Внимателно стегнете го капачето на резервоарот за гориво. Преместете
се пред да го стартувате моторот (барем 3 метри подалеку од местото на
полнење гориво).
– Никогаш не полнете гориво во затворени простории. Доаѓа до насобирање
на испарувањата од горивото (ризик од експлозии).
– Транспортирајте го и чувајте го горивото само во одобрени садови.
Осигурете се горивото да се чува на места недостапни за деца.
• Одмарање
• Транспортирање
• Полнење гориво
• Одржување
• Замена на алат
109

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Em3400l

Table of Contents