Безбедносни Упатства - Makita EM3400U Original Instruction Manual

Petrol brushcutter
Hide thumbs Also See for EM3400U:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
Општи упатства
– Прочитајте го ова упатство за да се запознаете со ракувањето со
опремата. Недоволно информираните корисници ризикуваат да се
доведат себе си и другите во опасност заради неправилно ракување.
– Се препорачува да ја позајмувате опремата само на лица кои имаат
докажано искуство.
Секој пат кога ја позајмувајте, предавајте го и упатството.
– Корисниците што го употребуваат алатот за прв пат, треба да побараат
од продавачот основни упатства за да се запознаат со ракувањето со
косилката.
– На деца и млади лица под 18-годишна возраст им е забрането
ракувањето со оваа опрема. Лицата постари од 16 години, сепак може да
го користат уредот за цели на обука само ако се под надзор на стручно
лице за обука.
– Користете го со голема грижа и внимание.
– Ракувајте само ако сте во добра физичка состојба. Сите работи
изведувајте ги смирено и внимателно. Корисникот мора да ја прифати
одговороста за другите лица.
– Никогаш не користете ја оваа опрема по конзумирање алкохол или
наркотични средства, или ако се чувствувате уморни или болни.
– Употребата на оваа машина може да е ограничена со државните
регулативи.
Намена на машината
– Оваа опрема е наменета само за косење трева, пиреј, грмушки,
џбунчиња. Не треба да се користи за какви било други намени, како
што се порамнување рабови или сечење ограда, бидејќи тоа може да
предизвика повреда.
Лична заштитна опрема
– Облеката што се носи треба да биде функционална и адекватна, т.е.
треба тесно да прилега, но да не предизвикува нефлексибилност на
телото. Немојте да носите накит или облека што може да се заплетка во
грмушки или џбунови.
– За да избегнете повреди на главата, очите, рацете или стапалата, како
и за да го заштитите својот слух, за време на работењето, мора да се
користи следнава заштита опрема и заштитна облека.
– Секаде каде што има ризик од разлетани предмети, носете заштитен
шлем. Заштитниот шлем (1) треба да се проверува на редовни
временски интервали дали има оштетувања и треба да се замени
најдоцна по 5 години. Користете само одобрени заштитни шлемови.
– Штитникот (2) на шлемот (или алтернативно, заштитните очила) го
штити лицето од разлетани отпадни материјали и камчиња. За време на
работата, носете заштитни очила или штитник за да спречите повреди
на очите.
– Носете адекватна опрема за заштита од бучава за да избегнете
оштетување на слухот (ушници (3), тампони за уши итн).
– Заштитното работно одело (4) штити од разлетани камчиња и отпадоци.
Цврсто препорачуваме корисникот да носи заштитно работно одело.
– Ракавиците (5) се дел од пропишаната опрема и мора секогаш да се
носат за време на работењето.
– Кога ја користите опремата, секогаш носете тврди чевли (6) со ѓонови
што не се лизгаат. Тоа штити од повреди и осигурува стабилна потпора
со нозете.
Стартување на косилката
– Ве молиме осигурете се да нема деца или други луѓе во работниот опсег
од 15 метри (50 стапки) и обрнете внимание на животните во близина на
работното место.
– Пред употребата, проверете дали опремата е безбедна за работа:
Проверете ја безбедноста на алатот за сечење, рачката за гас за лесна
акција и проверете дали работи исправно блокирањето на рачката за
гас.
– Вртењето на алатот за сечење додека работи со брзина при празен
од не е дозволено. Ако имате сомнежи, проверете со вашиот
продавач. Проверете дали дршките се чисти и суви, и тестирајте го
функционирањето на прекинувачот за стартување/исклучување.
Дијаграмска слика
15 метри
108

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Em3400l

Table of Contents