Bosch GLM 50 Professional Original Instructions Manual page 136

165 ft. laser distance measurer
Hide thumbs Also See for GLM 50 Professional:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 12
OBJ_BUCH-1444-006.book Page 136 Tuesday, May 17, 2016 11:19 AM
136 | Македонски
бараниот прав агол при односното мерење (Питагорина
теорема).
Внимавајте на тоа, референтната точка на мерењето
(напр. задниот раб на мерниот уред) да стои точно на
истото место при сите поединечни мерења за време на
мерниот процес.
Помеѓу поединечните мерења, ласерскиот зрак останува
вклучен.
Притискајте го копчето 3, додека на екранот не се појави
приказот за мерење со користење на Питагора
Како и кај должинското мерење, измерете ги линиите „1"
и „2" по овој редослед. Внимавајте помеѓу линијата „1" и
бараната линија „X" да постои прав агол.
По завршување на последното мерење
ќе се прикаже резултатот за бараната
линија „X" во редот за резултат b.
Поединечните измерени вредности
стојат во редовите со измерени
вредности a.
Бришење на измерените вредности
Со кратко притискање на копчето 4 може да ги избришете
последно соопштените поединечни измерени вредности
во сите мерни функции. Со повеќекратно притискање на
копчето ќе се избришат поединечните измерени
вредности по обратен редослед.
Собирање на измерените вредности
За додавање на измерени вредности, најпрво извршете
произволно мерење. Потоа притиснете на копчето Плус 8.
На екранот како потврда се појавува „+".
За додавање на волумени или површини, по првиот
завршен мерен процес, притиснете на копчето Плус 8. На
екранот како потврда се појавува „+" на левата страна од
ознаката за волумен/површина.
Потоа извршете и второ мерење.
За проверка на збирот од двете
мерења, уште еднаш притиснете на
копчето Плус 8. Пресметката ќе се
прикаже во редовите со измерени
вредности a, а збирот се појавува во
редот за резултат b.
По пресметување на збирот, на овој резултат може да се
додадат други измерени вредности, доколку пред
мерењето се притисне копчето Плус 8.
Совети за собирање:
– Вредностите за должина, површина и волумен не може
мешовито да се собираат. Доколку напр. се соберат
вредност на должина и површина, при притискање на
копчето Плус 8 кратко се појавува „ERROR" на екранот.
Потоа мерниот уред менува на последно активираната
мерна функција.
– Се собира резултатот од едно мерење (напр. вредност
на волумен), а при континуирано мерење прикажаната
измерена вредност во редот со резултат b. Собирањето
на поединечни измерени вредности од редовите со
измерени вредности a не е возможно.
2 609 141 286 | (17.5.16)
Одземање на измерени вредности
За одземање на измерените вредности
притиснете го копчето Минус 5, на
екранот за потврда се појавува „–".
Понатамошната постапка е слична на
„Собирање на измерените вредности".
Совети при работењето
Општи напомени
Приемната леќа 12 и излезот на ласерскиот зрак 11 не
.
смеат да бидат покриени за време на мерењето.
Мерниот уред не смее да се движи за време на мерењето
(со исклучок на функцијата Континуирано мерење).
Доколку е возможно, поставете го мерниот уред на цврста
подлога.
Влијанија на мерното поле
Мерното поле зависи од светлосните услови и
рефлективните својства на целната површина. За подобра
видливост на ласерскиот зрак при работа на надворешен
терен и прејаки сончеви зраци на ласерските очила 19
(опрема) и целната табла на ласерот 20 (опрема), или
засенете ја целната површина.
Влијанија на мерниот резултат
Поради физички ефекти не може да се исклучи фактот,
дека при мерењето на различни површини доаѓа до
погрешно мерење. Тука спаѓаат:
– транспарентни површини (напр. стакло, вода),
– површини што рефлектираат (напр. исполиран метал,
стакло),
– порозни површини (напр. изолациони материјали),
– структурирани површини (напр. груба малтерија,
природен камен).
Доколку е возможно, на овие површини користете целна
табла за ласерот 20 (опрема).
Грешки при мерењето се исто така можни и кај накосо
визирани целни површини.
Исто така на мерната вредност може да влијаат и
процепите за вентилација со различни температури или
индиректно примените рефлексии.
Проверка на точност при мерење на растојанија
Точноста на измерените растојанија може да ја проверите
на следниов начин:
– Изберете едно непроменливо мерно подрачје со
должина од околу 1 до 10 м, чија должина точно ја
знаете (напр. ширината на просторијата, отворот на
вратата). Мерната траса мора да биде во внатрешен
простор, целната површина на мерењето треба да биде
мазна и добро рефлектирачка.
– Измерете го подрачјето 10-пати едно по друго.
Отстапувањата од средната вредност на поединечните
мерења смеат да изнесуваат макс. ±2 мм. Запишувајте ги
мерењата, за да може подоцна да ја споредите точноста.
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents