За повеќе информации
Отворете HiCare за да го прочитате упатството и сервисните
информации или да добиете помош од онлајн-форумот.
Одете до http://www.hihonor.com за да го преземете упатството за
вашиот уред (вклучувајќи ги и информациите за безбедност) и
прочитајте ги ЧПП, политиката за приватност и други информации.
Одете до Нагодување > За таблетот > Правни информации за да
ги прочитате правните информации.
Посетете го http://www.hihonor.com за најнови информации за контакт
за вашата држава или регион.
166
Безбедносни информации
Пречки во медицинската опрема
•
Почитувајте ги правилата и прописите што ги утврдуваат
болниците и другите објекти за здравствена заштита. Не го
користете уредот онаму каде што е забранета неговата употреба.
•
Некои безжични уреди може да влијаат врз работата на слушните
помагала или пејсмејкерите. Обратете се до давателот на услугата
за повеќе информации.
•
Производителите на пејсмејкери препорачуваат да се одржува
најмало растојание од 15 см меѓу уредот и пејсмејкерот за да се
спречат потенцијални пречки на пејсмејкерот. Ако користите
пејсмејкер, користете го уредот од спротивната страна на
пејсмејкерот и не го носете уредот во предниот џеб.