OBJ_BUCH-2418-003.book Page 152 Wednesday, February 24, 2016 11:26 AM
152 | Македонски
Надгледувајте ги децата за време на
користењето, чистењето и одржувањето. Така
ќе се осигурате дека децата нема да си играат со
полначот.
Полнете само Bosch литиум-јонски
акумулатори со капацитет од 1,5 Аh (од
4 акумулаторски ќелии). Напонот на
батеријата мора да одговара на напонот за
полнење на полначот. Не полнете повторно
полнливи батерии. Инаку постои опасност од
пожар и експлозија.
Полначот држете го подалеку од дожд и влага. Навлегувањето на
вода во полначот го зголемува ризикот од електричен удар.
Одржувајте ја чистотата на полначот. Доколку се извалка, постои опасност
од електричен удар.
Пред секое користење, проверете го полначот, кабелот и приклучокот.
Не го користете полначот, доколку приметите оштетувања. Не го
отворајте сами полначот и оставете го на поправка кај квалификуван
стручен персонал кој ќе користи само оригинални резервни делови.
Оштетениот полнач, кабел и приклучок го зголемува ризикот за електричен
удар.
Доколку се оштети батеријата или не се користи правилно, од неа може да
излезе пареа. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
Не го користете полначот на лесно запалива подлога (на пр. хартија,
текстил итн.) односно во запалива околина. Постои опасност од пожар
заради затоплувањето на уредот што произлегува при полнењето.
Не ги покривајте отворите за проветрување на полначот. Инаку полначот
може да се прегрее и да не функционира правилно.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на
електричните апарати на графичката страница.
1 609 92A 2KK | (24.2.16)
Bosch Power Tools