МАКЕДОНСКИ
306
1
2
Замена на главите за бричење
За максимални перформанси при бричењето,
ве советуваме да ги менувате главите за бричење
на секои две години.
- Апаратот е опремен со потсетник за замена
кој ве потсетува кога ќе дојде време за замена
на главите. Потсетникот за замена ќе засвети
во континуитет.
Забелешка: Откако ќе ги замените главите
за бричење, потребно е да го ресетирате
потсетникот за замена со притиснување на
копчето за вклучување/исклучување во траење од
7 секунди.
Полнење
Полнењето одзема прибл. 1 час.
Забелешка: Овој апарат може да се користи
единствено без кабел.
Наполнете го бричот пред да го искористите
за првпат и кога приказот ќе покаже дека
батеријата е речиси празна.
Полнење со адаптер
1
Вметнете го малиот приклучок во апаратот
и поставете го адаптерот во штекер во ѕид.