Samsung 4 series User Manual page 334

Hide thumbs Also See for 4 series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Совети за корисниците
 Врежување на сликата на екранот
Избегнувајте прикажување на неподвижна слика (како при видео игрите или при поврзување
на PC со PDP уредот) на плазма екранот подолго од 2 часа бидејќи се јавува ефект на
врежување на сликата. Ова врежување на сликата е познато и како "горење на екранот". За
да го избегнете врежувањето на сликата, намалете го степенот на осветленост и контраст при
прикажување на неподвижна слика.
 Височина
PDP телевизорот може нормално да се користи само под 2000m надморска височина. На
локација од над 2000m надморска височина уредот може да не функционира исправно и затоа
немојте да го користите во такви услови.
 Топлина на горниот дел од PDP телевизорот
По долг период на користење горниот дел од производот може да стане многу топол бидејќи
топлината од екранот низ отворот за вентилација се движи кон горниот дел на производот. Ова
е нормално и не претставува знак на дефект или проблем во функционирањето на производот.
Меѓутоа, на децата не треба да им се дозволи да го допираат горниот дел на уредот.
 Производот создава звук на 'крцкање'.
Понекогаш може да се слушне звук на 'крцкање' при собирањето или ширењето на производот
кое настанува заради промените на температурата или влажноста на околината. Ова е
нормално и не претставува знак на де
 Дефекти на ќелиите
PDP телевизорот користи екран кој се состои од 1,230,000(SD-ниво) до 3,150,000(HD-ниво)
пиксели за чие производство е потребна софистицирана технологија. Сепак, на сликата
може да има и неколку темни пиксели. Овие пиксели нема да имаат никакво влијание на
перформансите на уредот.
 Избегнувајте користење на телевизорот на температури под 5°C(41°F)
 Предолгото прикажување на неподвижна слика може да предизвика трајно оштетување
на PDP екранот.
 Привидни облици на сликата
Прикажувањето на неподвижна слика од видео игри и PC подолго од одреден период може
да предизвика делумно врежување на сликата. За да се избегне овој ефект, намалете ја
'осветленоста' и 'контрастот' при прикажување на неподвижна слика.
 Гаранција
- гаранцијата не ги покрива оштетувањата предизвикани заради врежување на сликата.
- "горењето на екранот" не е покриено со гаранцијата.
 Инсталирање
При инсталирање на вашиот уред на локации со многу прав, високи и ниски температури,
висока влажност, хемиски супстанци или кога се бара постојано користење како на аеродроми,
железнички станици и сл., обратете се до авторизиран сервисен центар. Во спротивно може да
настанат сериозни оштетувања на вашиот уред.
Обратете се до SAMSUNG WORLDWIDE
Доколку имате прашања или коментари во врска со производите на Samsung, ве молиме обратете
се до SAMSUNG центарот за грижа за корисници. (Погледнете на последната страница за повеќе
информации.)
© 2008 Samsung Electronics Co., Ltd. All rights reserved.
Гледањето на PDP телевизорот во формат 4:3 подолг период може да
остави траги на левиот, десниот и централниот дел од екранот, кои се
јавуваат заради разликата во емитувањето на светлината на екранот.
Репродукцијата од DVD или конзола за игри може да предизвика сличен
ефект на екранот. Оштетувањето предизвикано од горниот ефект не е
покриено со гаранцијата.
Македонски - 

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents