Bosch GCM 12 GDL Professional Original Instructions Manual page 354

Hide thumbs Also See for GCM 12 GDL Professional:
Table of Contents

Advertisement

OBJ_BUCH-1360-003.book Page 354 Wednesday, November 11, 2015 2:13 PM
354 | Македонски
Вадење на подесливата гранична водилка
(види слика E)
При екстремно вертикални агли на закосување мора
целосно да ги извадите продолжетоците на граничните
водилки 9.
– Свртете го завршниот лим 53 нанадвор.
– Свртете го затегнувачкиот лост 52 нанапред.
– Повлечете го продолжетокот на граничните водилки 9
сосема нанадвор.
– Подигнете го продолжетокот на граничните водилки до
крај нанадвор.
Подесување на придушувањето на лизгачката рачка
(види слика F)
Лизгачкиот механизам на лизгачката рачка 28 е фабрички
подесен и не е придушен при испораката на електричниот
апарат.
Придушувањето на лизгачкиот механизам може
индивидуално да го подесите на придушувачот 54:
тврдо – контролирани работни движења;
меко – брзо сечење со пилата.
– Олабавете ги двете завртки за подесување 55 со
внатрешен шестаголен клуч (4 mm) 20 за помеко
придушување
или
затегнете ги цврсто двете завртки за подесување 55 за
потврдо придушување.
Прицврстување на делот што се обработува
(види слика G)
За овозможување на оптимална работна безбедност,
секогаш мора добро да го прицврстите делот што се
обработува.
Не обработувајте мали парчиња, кои се премали за добро
да се зацврстат.
– Притиснете го делот што се обработува спроти
граничната водилка 10.
– Вметнете ја столарската стега 22 во отворите
предвидени за таа намена 56.
– Олабавете ја пеперутка-завртката 57 и подесете ја
столарската стега на делот што се обработува.
Повторно зацврстете ја пеперутка-завртката.
– Зацврстете го делот што се обработува со вртење на
прачката со навој 58.
Подесување на хоризонталниот агол на
закосување
За да обезбедите прецизни резови мора да ги проверите
основните поставки по интензивно користење на
електричниот апарат и евентуално да ги подесите (види
„Проверка на основните поставки и подесување",
страна 358).
 Секогаш зацврстете го копчето за фиксирање 15
пред сечењето. Инаку листот на пилата може да се
заглави во делот што се обработува.
1 609 92A 285 | (11.11.15)
Поставување на хоризонтални стандардни агли на
закосување (види слика H)
За брзо и прецизно подесување на често користени агли
на закосување, на масата за пила има жлебови 18:
лево
15°; 22,5°; 31,6°; 45°
15°; 22,5°; 31,6°; 45°; 60°
– Отпуштете го копчето за фиксирање 15, доколку е
затегнато.
– Повлечете го лостот 16 и свртете ја масата за пила 38 до
саканиот жлеб на левата или десната страна.
– Повторно отпуштете го лостот. Лостот мора осетно да се
вклопи во жлебот.
Поставување на хоризонтални агли на закосување
(види слика I)
Хоризонталните агли на закосување може да се подесат во
граници од 52° (на левата страна) до 60° (на десната
страна).
– Отпуштете го копчето за фиксирање 15, доколку е
затегнато.
– Повлечете го лостот 16 и истовремено притиснете на
копчето за слободен тек на аголот 14 нанапред и
надолу.
На тој начин лостот 16 ќе се блокира и масата за пилата
ќе биде слободно подвижна.
– Вртете ја масата за пила 38 со држачот налево или
надесно додека показателот на агли 59 не го покаже
саканиот агол на закосување.
– Повторно зацврстете го копчето за фиксирање 15.
– За повторно да го олабавите лостот 16 (за поставување
на стандардни агли на закосување), повлечете го
лостот нагоре.
Копчето за слободен тек на аголот 14 ќе се врати во
првобитната позиција и лостот 16 ќе може повторно да
се вклопи во жлебовите 18.
Подесување на вертикалниот агол на
закосување
За да обезбедите прецизни резови мора да ги проверите
основните поставки по интензивно користење на елек-
тричниот апарат и евентуално да ги подесите (види
„Проверка на основните поставки и подесување",
страна 358).
Вертикалниот агол на закосување може да се поставува во
еден опсег од 47° (на левата страна) до 47° (на десната
страна).
За брзо и прецизно подесување на често користени агли
на закосување, постојат граничници за агли од 0°, 22,5°,
45° и 47°.
Подесување на левото подрачје на аголот
на закосување (45° до 0°)
– Повлечете го левиот продолжеток на граничните
водилки 9 целосно надвор (види „Продолжување на
граничните водилки", страна 353).
– Олабавете ја затезната рачка 17.
десно
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents