AEG SE 12-180 Original Instructions Manual page 45

Hide thumbs Also See for SE 12-180:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
делокругот на работа, мора да носи опрема за лична
заштита. Можат да се разлетаат парчиња од работниот
материјал или од скршен прибор и да предизвикаат
повреди, исто така и надвор од директниот делокруг на
работа.
ѕ) Фаќајте го електро-алатот само на изолирани
површини за држење, додека извршувате работи, кај
кои приборот може да погоди сокриени струјни водови
или сопствениот кабел за напојување со струја.
Контактот со водови што спроведуваат напон, става и
метални делови од електро-апаратот под напон и доведува
до електричен удар.
и) Кабелот за напојување со струја чувајте го настрана
од прибор што се врти. Доколку ја изгубите контролата
над електро-алатот, кабелот за напојување со струја може
да се исече или да се закачи и вашата рака или вашата
дланка да бидат повлечени во приборот што се врти.
ј) Никогаш не оставајте го електро-алатот, додека тој не
постигне состојба на комплетно мирување. Електро-
алатот што се врти може да дојде во контакт со
површината, на којашто се остава, а на тој начин можете да
ја изгубите контролата над електро-алатот.
к) Не оставајте го електро-алатот да работи додека го
носите. Вашата облека може да биде закачена преку
случаен контакт со приборот што се врти, при што тој може
да навлезе во вашето тело.
л) Редовно чистете го отворот за проветрување на
вашиот електро-алат. Вентилаторот на моторот влече
прашина во куќиштето, а големо насобирање на метална
прашина може да предизвика електрични опасности.
љ) Не употребувајте го електро-алатот во близина на
материјали што горат. Таквите материјали можат да се
запалат од искри.
м) Не употребувајте прибор, за којшто се потребни
течни средства за ладење. Употребата на вода или на
други течни средства за ладење може да доведе до
електричен удар.
Повратен удар и референтни безбедносни упатства
Повратниот удар претставува неочекувана реакција како
последица на заглавен или блокиран прибор што се врти,
како на диск за брусење, подножје за брусење, четка со
жица итн. Заглавувањето или блокирањето доведува до
неодложно стопирање на ротирачкиот прибор. На тој начин
неконтролираниот електро-алат се забрзува во спротивна
насока од насоката на вртење на приборот во точката на
спојување.
Доколку, на пример, диск за брусење е заглавен или
блокиран во материјалот, работ на дискот за брусење што
навлегува во материјалот, може да се закачи и на тој начин
да дојде до излегување на дискот или да се предизвика
повратен удар. Во таков случај дискот за брусење се движи
или кон операторот или настрана од него, зависно од
насоката на вртење на дискот во точката на спојување.
Повратен удар претставува последица од погрешна или
неисправна употреба на електро-алатот. Тој може да биде
избегнат со соодветни мерки на претпазливост, како што се
опишани подолу.
а) Држете го електро-алатот цврсто и поставете ги
вашето тело и вашите раце во позиција, со која ќе
можете да дадете отпор на силите од повратиот удар.
Секогаш употребувајте ја додатната рачка, доколку
постои, за да можете да имате максимална можна
контрола над силите од повратниот удар или на
моментите на реакција при пуштање во работа.
Операторот може да ги контролира силите на повратниот
удар и реакционите сили со преземање соодветни мерки на
претпазливост.
б) Никогаш не поставувајте ја вашата рака во близина
на прибор што се врти. Во случај на повратен удар,
приборот може да биде исфрлен врз вашата рака.
88
МАКЕДОНСКИ
в) Избегнувајте го со вашето тело местото, во кое
електро-алатот се движи во случај на повратен удар.
Повратниот удар го води електро-алатот во спротивна
насока од насоката на движење на дискот за брусење на
местото за спојување.
г) Работете особено внимателно кај агли, остри рабови
итн. Спречувајте ситуации, во кои приборот се одбива
од и заглавува во материјалот за обработка. Кај агли,
остри рабови или во случај на одбивање ротирачкиот
прибор е склон кон заглавување. Тоа предизвикува губење
на контролата или повратен удар.
д) Не употребувајте ланчан диск или забест диск за
сечење. Таквиот прибор честопати предизвикува повратен
удар или губење на контролата над електро-алатот.
SE 12-180:
Специјални безбедносни упатства за мазнење со
хартија за шмирглање:
a) Не употребувајте прекудимензионирани листови за
мазнење. Следете ги податоците на производителот по
однос на големината на листот за мазнење. Листови за
шмирглање што зјаат надвор од подлогата за мазнење,
можат да предизвикаат повреди како и блокирање, кинење
на листовите или да доведат до повратен удар.
Уредите кои се користат на многу различни локации
вклучувајки и отворен простор мора да бидат поврзани за
струја преку направата за поврзување (FI, RCD, PRCD).
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат
додека е машината работи.
Вклучувањето на кабелот во струја се прави исклучиво
машината е исклучена.
Никогаш не посегнувајте во зоната на опасната работна
површина при вклучена машина.
Секогаш користете ја помошната рачка.
Во случај на значителни вибрации или појава на други
неправилности веднаш исклучете ја машината со цел да ја
најдете причината за нив.
Секогаш користете ги и чувајте ги глодачките дискови
согласно препораките на производителот.
При глодање на метал, се создаваат летечки искри.
Погрижете се луѓето да не бидат загрозени. Поради ризик
од пожар, запалливи матери не смеат да бидат лоцирани
во близина (зона на искрење). Не користете издув за прав.
Треба да се поведе соодветна грижа за искрите или
честичките од камена прашина кои летаат од
обработуваното парче да не дојдат во контакт со вас.
Шрафот за штелување мора да биде затегнат пред да се
почне со работа со машината.
Парчето кое се обработува мора да се прицврсти доколку
не е доволно тешко за да биде стабилно. Никогаш не го
насочувајте работното парче кон глодачкиот диск со рака.
При екстремни услови (пр: фино глодање метали со
вретено или глодачко тркало со вулканизирани влакна),
значително загадување може да се насобере одвнатре на
аголната глодалка. Од безбедносни причини, во вакви
услови, внатрешноста мора да биде комплетно исчистена
од метални остатоци а прекинувачот на колото на моторот
мора да биде сериски поврзан. Доколку прекинувачот на
колото на моторот ја расипе машината мора да биде
пратена.
За алатите кои се наменати за опремување со шилесто
тркало за дупчење, осигурете се дека жицата во тркалото е
доволно долга за да ја прифати должината на вретеното.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
PE 150: Полирката може да биде употребена за
полирање лакирани, заштитени, пластични и други
мазни површини.
SE 12-180: Шмирглачката моше да се користи за
шмирглање дрво, пластика и метал.Не го користете овој
производ на било кој друг начин освен пропишаниот за
нормална употреба.
Не го користете овој производ на било кој друг начин
освен пропишаниот за нормална употреба.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Ние во целосна одговорност изјавуваме дека овој производ
е во сообразност со следните стандарди и
стандардизирани документи.
EN 60745-1:2009+A11:2010
EN 60745-2-3:2011
EN 55014-1:2006+A1:2009+A2:2011
EN 55014-2:1997+A1:2001+A2:2008
EN 61000-3-2:2006+A1:2009+A2:2009
EN 61000-3-3:2008
и е во согласност со прописите
2011/65/EU (RoHs)
2006/42/EC
2004/108/EC
Winnenden, 2012-09-09
Rainer Kumpf
Director Product Development
Ополномоштен за составување на техничката
документација.
ГЛАВНИ ВРСКИ
Да се спои само за една фаза АС коло и само на главниот
напон наведен на плочката. Можно е исто така и
поврзување на приклучок без заземјување доколку
изведбата соодветствува на безбедност од 2 класа.
ОДРЖУВАЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат
комплетно отворени постојано.
Користете само AEG додатоци и резервни делови. Доколку
некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат
заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на
AEG (консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален
приказ на алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот
како и типот на машина кој е отпечатен на етикетата и
порачајте ја скицата кај локалниот застапник или директно
кај: AEG Electric Tools GmbH, Max-Eyth-Straße 10,
D-71364 Winnenden, Germany.
СИМБОЛИ
Ве молиме пред да ја стартувате
машината обрнете внимание на
упатствата за употреба.
Секогаш при користење на машината
носете ракавици.
Секогаш пред спроведување на каков и да
е зафат врз машината исклучете го
кабелот од приклучокот.
Дополнителна опрема - Не е вклучена во
стандардната, а достапна е како додаток.
Не ги фрлајте електричните апарати
заедно со другиот домашен отпад!
Европска регулатива 2002/96/EC за
одлагање на електична и електронска
опрема и се применува согласно
националните закони. Елекричните
апарати кои го достигнале крајот на својот
животен век мора да бидат одвоено
собрани и вратени во соодветна
рециклажна установа.
Заштитна класа II, електро-орудие, кај
кое што заштитата од електричен удар
не зависи само од базичната изолација
туку каде што се применуваат и од
дополнителни безбедносни мерки, како
што е дуплата изолација или засилената
изолација.
МАКЕДОНСКИ
89

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Pe 150

Table of Contents