Bosch GDB 180 WE Professional Original Instructions Manual page 148

Diamond drill
Hide thumbs Also See for GDB 180 WE Professional:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 10
OBJ_BUCH-2199-002.book Page 148 Monday, June 1, 2015 12:16 PM
148 | Македонски
 Електричниот алат може да се стави во употреба
само на систем за напојување со заштитен
проводник и соодветно димензионирање.
Безбедносни напомени за работење без сталак за
дупчалка
 Користете ги дополнителни дршки, доколку се
испорачани заедно со електричниот алат. Губењето
на контролата може да доведе до повреди.
 При работата, држете го електричниот апарат
цврсто со двете дланки и застанете во сигурна
положба. Со електричниот апарат посигурно ќе
управувате ако го држите со двете дланки.
 Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе
до губење контрола над уредот.
 Доколку се блокира алатот што се вметнува,
исклучете го електричниот апарат. Одблокирајте го
алатот што се вметнува.
 Пред вклучувањето на електричниот апарат
проверете ја функционалноста на алатот што се
вметнува. Доколку вклучите блокиран алат за дупчење
настануваат многу моменти на блокирање.
Безбедносни напомени за работење со сталак за
дупчалка
 Не го оставајте настрана апаратот доколку не е
целосно во состојба на мирување. Електричните
апарати кои не се во состојба на мирување може да
предизвикаат повреди.
Безбедносни напомени за дупчење во мокри
материјали
 Никогаш не го користете електричниот апарат без
испорачаниот заштитен прекинувач за
диференцијална струја (PRCD).
 Пред да започнете со работа проверете дали
заштитниот прекинувач функционира правилно
(PRCD). Оштетениот заштитен прекинувач (PRCD)
оставете го во сервисна служба на Bosch доколку
треба да се поправи или замени.
 Внимавајте на тоа, лицата во работното подрачје и
електричниот апарат да не дојдат во контакт со
вода.
При дупчење на плафон,
мора да се собере водата
што излегува. Ставете го
електричниот алат во
сталакот за дупчалка и
монтирајте го прстенот за
собирање на вода (види
„Додатна опрема/
резервни делови",
страна 152).
1 609 92A 1A3 | (1.6.15)
 Внимавајте цревата што спроведуваат вода,
местата на спојување и прстенот за собирање на
вода (опрема) да бидат во беспрекорна состојба.
Пред следната употреба, заменете ги оштетените
или изабени делови. Излегувањето на вода од
деловите на електричниот апарат го зголемува ризикот
од електричен удар.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за мокро дупчење во
бетон и армиран бетон, со дијамантски круни за мокро
дупчење и довод за вода. Електричниот апарат може да се
комбинира со уред за вшмукување (прстен за собирање
на вода и вшмукувач за суво/мокро вшмукување).
Електричниот апарат е наменет за суво дупчење во цигли,
песочник, гас-бетон и плочки.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Прекинувач за вклучување/исклучување
2 Копче за фиксирање на прекинувачот за
вклучување/исклучување
3 Заштитен уред за диферецијална струја (PRCD)
4 Црево за вшмукување*
5 Млазници за вшмукување*
6 Адаптер за вшмукување
7 Адаптер за приклучокот за вода
8 Приклучен елемент за славината
9 Славина за прекин на вода
10 Прекинувач за избор на брзина
11 Канџеста спојка
12 Дополнителна дршка (изолирана површина на
дршката)
13 Рачка (изолирана површина на дршката)
14 Крунеста бургија*
15 Вретено за дупчење
16 Пеперутка-завртка за подесување на дополнителната
дршка
17 Либела за хоризонтално центрирање
18 Либела за вертикално центрирање
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Bosch Power Tools

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents