Правила За Употреба - GGP ITALY SPA CR 430 Operator's Manual

Pedestrian-controlled walk-behind-electrically powered lawn mower
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 26
MK
ПРАВИЛА ЗА УПОТРЕБА
ЗАБЕЛЕШКА - соодветноста меѓу ставките што се дадени во 
упатството и соодветните слики (дадени на страниците  2 - 3) 
е претставена со број што претходи на соодветниот пасус.
  1.  КОМПЛЕТИРАЊЕ НА МОНТАЖАТА
ЗАБЕЛЕШКА - машината може да се доставува со некои 
веќе монтирани делови.
ВНИМАНИЕ - распакувањето и целата монтажа треба да се 
извршат на цврста и рамна површина со доволно простор 
за поместување на машината и на амбалажата користејќи 
секогаш соодветни алати.
Фрлањето на амбалажата треба да се изведува во соглас-
ност со важечките локални закони.
Комплетирајте ја монтажата на машината следејќи ги инструк-
циите што се дадени низ страниците на упатството, а се одне-
суваат на секој дел за монтирање.
  2.  ОПИС НА КОМАНДИТЕ
ЗАБЕЛЕШКА - значењето на дадените симболи за коман-
дите е објаснето од страница 4 па понатаму.
2.1
  Моторот се вклучува со помош на двостепен прекину-
вач за да се избегне случајно придвижување. За вклучување, 
притиснете го копчето (2) и повлечете ја рачката (1). Моторот 
автоматски се гаси со пуштање на рачката (1).
2.2
Регулацијата на висината за косење се изведува со по-
мош на дадените рачки (1).
Сите четири тркала треба да се регулираат на иста висина.
ИЗВЕДУВАЈТЕ  ЈА  ОПЕРАЦИЈАТА  КОГА  НОЖОТ  Е  ВО 
МИРУВАЊЕ.
2.3
Кај моделите со погон, движењето на тревокосачката 
се извршува со притискање на рачката (1) кон ракофатот.
Тревокосачката престанува да се движи со пуштање на рач-
ката.
  3.  КОСЕЊЕ ТРЕВА
ЗАБЕЛЕШКА - оваа машина дозволува косење на тревникот 
на различни начини. Пред да започнете со работа, потребно е 
да ја поставите машината во правецот како што имате намера 
да косите.
ИЗВЕДУВАЈТЕ ЈА ОПЕРАЦИЈАТА КОГА МОТОРОТ Е ИЗГАС-
НАТ.
3.1a
Подготовка за косење и собирање на тревата
во вреќа
– Подигнете ја заштитата за заден испуст (1) и прикачете ја 
правилно вреќата (2) како што е посочено на сликата.
3.1b
Подготовка за косење и заден испуст на тревата
– Извадете ја вреќата и проверете дали заштитата со задниот 
испуст (1) е стабилно спуштена.
– Кај моделите со страничен испуст: проверете дали  зашти-
тата со страничниот испуст (4) е спуштена.
46
3.1c
  П одготовка за косење и дробење на тревата 
(функција „дробење" -  mulching, ако е
предвидено)
– Кај моделите со страничен испуст: проверете дали  зашти-
тата со страничниот испуст (4) е спуштена.
– Подигнете ја заштитата со страничниот испуст (1) и поста-
вете го капакот на дефлекторот (5) во отворот на излезот 
држејќи го лесно закосено надесно, тука фиксирајте го со 
вметнување  на  двата  клина  (6)  во  предвидените  отвори 
сè  додека  не  предизвикате  придвижување  на  забецот  во 
фаќалката (7).
За да го извадите капакот на дефлекторот (5), подигнете ја 
заштитата со заден испуст (1) и притиснете во центарот  за да 
се откачи забецот (7).
3.1d
  П одготовка за косење и страничен испуст
на тревата (ако е предвидено)
– Подигнете ја заштитата со страничниот испуст (1) и поста-
вете го капакот на дефлекторот (5) во отворот на излезот 
држејќи го лесно закосено надесно, тука фиксирајте го со 
вметнување  на  двата  клина  (6)  во  предвидените  отвори 
сè  додека  не  предизвикате  придвижување  на  забецот  во 
фаќалката (7).
– Вметнете  го  дефлекторот  во  страничниот  испуст  (8)  како 
што е прикажано на сликата.
– Затворете ја  заштитата со страничниот излез  (4) за да може 
да се блокира дефлекторот со страничниот испуст (8).
За да го извадите капакот на дефлекторот (5), подигнете ја 
заштитата со заден испуст (1) и притиснете во центарот  за да 
се откачи забецот (7).
3.2
  Закачете  го  продолжниот  кабел  правилно  како  што  е 
посочено.  За  вклучување  на  моторот,  притиснете  го  безбед-
носното копче (2) и повлечете ја рачката (2) на прекинувачот.
3.3
  При косење, ел. кабел треба секогаш да се наоѓа одзади 
и на веќе покосениот терен. 
•    В о случај на „дробење" - mulching или заден испуст на 
тревата: секогаш избегнувајте да косите огромна количина 
на трева. Никогаш не косете повеќе од една третина од вкуп-
ната висина на едно поминување! Прилагодете ја брзината 
на  движење  во  согласност  со  условите  на  тревникот  и  со 
количината на положената трева.
•    В о  случај  на  страничен  испуст  (ако  е  предвидено):
се  препорачува  да  се  изврши  преглед  за  да  се  избегне 
исфрлање на покосената трева на делот од тревникот што 
треба да се коси.
•    В о случај на вреќа за собирање со сигнализатор за сод-
ржината  (ако  има):  за  време  на  работата,  кога  сечивото 
се  движи,  сигнализаторот  е  подигнат  што  посочува  дека 
вреќата собира покосена. Кога ќе се спушти, посочува дека 
вреќата е полна и треба да се испразни.
Кога вреќата за собирање трева ќе се наполни, собирањето 
нема да биде ефикасно и звукот на машината се менува.
За вадење и празнење на вреќата: 
–    п уштете  ја  рачката  за  прекинувачот  и  почекајте  да  запре 
сечивото,
–    п одигнете ја заштитата со заден испуст, зафатете ги рако-
фатите и извадете ја вреќата држејќи ја исправено.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Crl 480Cs 480Csl 480Cs 430Cr 480

Table of Contents