Bosch GSB 19-2 RE Original Instructions Manual page 138

Hide thumbs Also See for GSB 19-2 RE:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 12
OBJ_BUCH-824-005.book Page 138 Thursday, May 22, 2014 9:41 AM
138 | Македонски
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и
алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Изјава за сообразност
Изјавуваме на сопствена одговорност, дека производот
опишан во „Технички податоци" соодветствува на сите
применливи одредби од директивите 2011/65/EU,
2014/30/EU, 2006/42/EC вклучително нивните измени и
е сообразен со следните норми: EN 60745-1,
EN 60745-2-1.
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch GmbH, PT/ETM9,
70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY
Henk Becker
Helmut Heinzelmann
Executive Vice President
Head of Product Certification
Engineering
PT/ETM9
Robert Bosch GmbH, Power Tools Division
70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY
17.04.2014
Монтажа
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Дополнителна дршка (види слика A)
 Користете го вашиот електричен апарат само со
дополнителна дршка 8.
Дополнителната дршка 8 може да ја подесите во
12 позиции, за да може безбедно и неуморно да работите.
Свртете го долниот дел на дополнителната дршка 8 во
правец на вртење  и притиснете ја дополнителната
дршка 8 нанапред, додека не се навали во соодветната
позиција. Потоа повторно повлечете ја дополнителната
дршка 8 наназад и свртете го долниот дел на дршката во
правец на вртење  и затегнете го.
Подесување на длабочина на дупчење (види слика A)
Со граничникот за длабочина 9 може да се утврди
длабочината на дупчење X.
Свртете го долниот дел на дополнителната дршка 8 во
правец спротивен на стрелките на часовникот и поставете
го граничникот за длабочина 9.
Извлечете го граничникот за длабочина до тој степен, да
одговара на растојанието на саканата длабочина на
дупчење меѓу врвот на дупчалката и врвот на граничникот
за длабочина X.
1 609 92A 0NH | (22.5.14)
Потоа прицврстете го долниот дел на дополнителната
дршка 8 и свртете го во правец на стрелките на
часовникот.
Избраздениот дел на граничникот за длабочина 9 мора да
покажува нагоре.
Замена на алатот
 При менување на алатот носете заштитни ракавици.
За време на долготрајни работни процеси, главата за
дупчење може да се вжешти.
Брзозатезна глава за дупчење (GSB 19-2 RE)
(види слика B)
Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување 6 не е
притиснат, вретеното за дупчење ќе се фиксира. Ова
овозможува брзо, лесно и едноставно менување на алатот
што се вметнува во главата за дупчење.
Отворете ја брзозатезната глава за дупчење 1 со вртење
во правец , додека не се стави алатот. Вметнете го
алатот.
Чаурата на брзозатезната глава 1 свртете ја цврсто ја во
правец , додека целосно не се заклучи. Со тоа, главата
автоматски се заклучува.
Блокадата се отклучува, откако ќе ја свртите чаурата во
спротивен правец за да го извадите алатот.
Брзозатезна глава за дупчење (GSB 780)
(види слика C)
Држете ја цврсто задната чаура 12 на брзозатегачката
глава 1 и свртете ја предната чаура 11 во правец ,
додека не се вметне алатот. Вметнете го алатот.
Држете ја цврсто задната чаура 12 на брзозатезната глава
за дупчење 1, а предната чаура 11 свртете ја цврсто со
рака во правец на вртење  додека целосно не се вклопи.
Со тоа, главата автоматски се заклучува.
Главата повторно ќе ја отклучите, откако ќе ја свртите
преданата чаура 11 во спротивен правец за да го извадите
алатот.
Запчеста глава за дупчење (види слика D)
Со вртење отворете ја запчестата глава за дупчење 14
додека не се отвори за да може да се стави алатот.
Вметнете го алатот.
Клучот за затегање на главата за дупчење 13 ставете го во
соодветните отвори на запчестата глава за дупчење 14 и
затегнете го алатот.
Алати за зашрафување (види слика E)
При користење на битови за одвртувачот 15 секогаш
треба да користите универзален држач за битови 16.
Користете само битови што се соодветни на главата за
зашрафување.
Поставувајте го прекинувачот 2 „Дупчење/ударно
дупчење" секогаш на ознаката „Дупчење", доколку
одвртувате.
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Gsb 780

Table of Contents