Bosch GTM 12 JL Professsional Original Instructions Manual page 361

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 36
OBJ_BUCH-1688-004.book Page 361 Tuesday, July 9, 2013 11:59 AM
– Свртете го инбус шрафот 12 со испорачаниот
внатрешен шестаголен клуч 5 и истовремено
притиснете ја блокадата за вретеното 13 додека не се
вклопи.
– Држете ја притисната блокадата на вретеното 13 и
одвртете го шрафот 12 во правец на стрелките на
часовникот (лев навој!).
– Извадете ја стезната прирабница 14.
– Извадете го листот за пилата 7.
Монтирање на листот за пилата
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Ставете го новиот лист за пила на внатрешната стезна
прирабница 15.
 При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
запците (правецот на стрелката на листот на пилата)
да се совпаѓа со правецот на стрелката на
куќиштето!
– Поставете ја стезната прирабница 14 и шрафот 12.
Притиснете ја блокадата на вретеното 13 додека не се
вклопи и зацврстете го шрафот во правец спротивен на
стрелките на часовникот.
– Свртете го држачот 11 надолу и истовремено навалете
ја заштитната хауба со повратен механизам 20
повторно надолу, додека држачот не се вклопи.
– Повторно зашрафете го шрафот за фиксирање 10 и
цврсто затегнете го.
Транспорт (види слика g)
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Пред транспортот на електричниот апарат мора да ги
извршите следните чекори:
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција
Столна кружна пила. (види „Работна позиција", страна
366)
– Позиционирајте го паралелниот граничник 59 целосно
над заштитната хауба 61.
За фиксирање на паралелниот граничник притиснете
на затезната дршка 62 надолу.
– Ставете ја водечката подвижна летва на чивиите 65.
– Поставете го поклопецот за листот на пилата 64 на
масата за пила 22.
– Отстранете ги деловите на опремата, кои не може
цврсто да се монтираат на електричниот апарат.
Неискористените листови за пила, доколку сакате да ги
транспортирате ставете ги во затворена кутија.
– При подигање или транспорт, држете за жлебовите за
држење 4 странично на масата за пила 22.
 Електричниот апарат секогаш треба да го носат две
лица, за да се избегнат болките во грбот.
 За транспортирање на електричниот апарат,
користете ги секогаш уредите за транспорт, а не
заштитните уреди.
Bosch Power Tools
Користење како пили за
отсекување и сечење под
агол
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Работна позиција (види слика
Доколку електричниот апарат сè уште се наоѓа во
фабричка состојба одн. доколку истиот се користи како
столна кружна пила, пред да го примените како пила за
отсекување и сечење под агол, мора да ги проследите
следните чекори:
– Отпуштете ги двата затезни лоста 66 под масата за
пилата 57.
– Извлечете ја масата за пилата до крај нагоре.
– Држете ја масата за пилата во оваа позиција и повторно
затегнете го затезниот лост.
– Позиционирајте го паралелниот граничник 59 како
заштита над листот на пилата.
– Притиснете ја рачката на апаратот на дршката 18
надолу, за да го отклучите транспортниот осигурувач
37.
– Притоа, целосно извлечете го транспортниот
осигурувач на надвор 37.
– Извадете го долниот поклопец на листот на пилата 64 и
ставете го во жлебот на десната страна од паралелниот
граничник 59.
– Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Подготовка за работа
Продолжување на масата за пилата (види слика
Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат на
слободниот крај или да се прицврстат.
– Олабавете ги двата инбус шрафа 40 со испорачаниот
внатрешен шестаголен клуч 5.
– Извлечете го продолжетокот на масата за пила 29 до
крај и повторно зацврстете ги инбус шрафовите.
Прицврстување на делот што се обработува
(види слика
C)
За овозможување на оптимална работна безбедност,
секогаш мора добро да го прицврстите делот што се
обработува.
Не обработувајте мали парчиња, кои се премали за добро
да се зацврстат.
– Притиснете го делот што се обработува спроти
граничната водилка 30.
– Вметнете ја столарската стега 21 во отворите
предвидени за таа намена 28.
– Олабавете ја пеперутка-завртката 42 и подесете ја
столарската стега на делот што се обработува.
Повторно зацврстете ја пеперутка-завртката.
– Зацврстете го делот што се обработува со вртење на
прачката со навој 41 .
Македонски | 361
A)
B)
1 609 92A 0BP | (9.7.13)

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents