Makita sg150 Instruction Manual page 207

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 61
По употребата почекајте да се изладат
работните алати, прифатите за алати и
другите делови во непосредна близина на
работната површина.
По употребата уредите може да бидат
многу жешки; затоа, не допирајте ги
деловите, опасност од повреди.
Дополнителни плочки и други делови што
не се конкретно од MAKITA не смеат да се
прицврстуваат на куќиштето на моторот,
рачката, преносниот механизам и штитникот.
Тоа може да доведе до оштетувања
на електричниот алат и пречки во
функционирањето.
Избегнувајте непотребно создавање бучава.
запазете ги безбедносните и работните
упатства за користениот прибор.
Повратен удар и соодветни безбедносни
напомени
Повратен удар е ненадејна реакција што
се јавува како последица на заглавен или
блокиран ротирачки работен алат, како
на пр. дијамантскиот диск за суво сечење.
Заглавувањето или блокирањето доведува
до моментално запирање на ротирачкиот
работен алат. Оттаму, на местото
на блокадата доаѓа до забрзување на
неконтролираниот електричен алат во
насока спротивна од насоката на вртењето
на работниот алат.
На пример, кога дијамантскиот диск за
суво сечење ќе се заглави или блокира
во работното парче, можно е да дојде до
заглавување на работ на дијамантскиот
диск за суво сечење што навлегува во
работното парче, што од своја страна
предизвикува кршење на дијамантскиот
диск за суво сечење или повратен удар.
Притоа, дијамантскиот диск за суво сечење
се движи кон опслужителот или подалеку
од него, во зависност од насоката на
вртењето на дискот на блокадното место.
Дијамантските дискови за суво сечење
притоа може да се скршат.
Повратниот удар е последица на погрешна
или несоодветна примена на електричниот
алат. Повратниот удар може да се спречи
со соодветни мерки на претпазливост на
следниов начин.
При вклучувањето и во текот на
работењето држете го електричниот алат
цврсто за двата држача и доведете ги
своето тело и раце во положба во која ќе
може да ги задржите силите на повратниот
удар, односно реактивните моменти при
движењето нагоре. машината ставајте ја
секогаш цврсто на двата ролера.
Опслужителот може да ги совлада силите
на повратниот удар и реактивните
сили со помош на соодветни мерки на
претпазливост.
Избегнувајте блокирање на дијамантскиот
диск за суво сечење заради премногу
силно притискање или пребрзо движење
нанапред. не правете премногу длабоки
засеци.
Преоптоварувањето на дијамантскиот
диск за суво сечење го зголемува
неговото напрегнување и подложност кон
заглавување или блокирање, а со тоа и
веројатноста да дојде до повратен удар или
кршење на брусното тело.
Вашата рака никогаш не смее да се наоѓа во
близина на ротирачки работни алати.
При повратен удар, работниот алат може
да премине преку Вашата рака.
не задржувајте го телото во областа во која
би можел да се придвижи електричниот
алат при повратен удар.
Повратниот удар го отфрла електричниот
алат во спротивна насока од движењето
на дијамантскиот диск за суво сечење на
блокадното место.
Работете особено претпазливо близу
ќошиња, остри рабови и сл. Избегнете ја
можноста работните алати да се одбијат од
работното парче и да се заглават.
Во ќошиња, остри рабови или ако се одбие,
ротирачкиот работен алат има тенденција
да се заглави. Ова доведува до губење
контрола или повратен удар.
не користете синџир дискови или назабени
дискови за сечење, како ни сегментирани
дијамантски дискови за суво сечење со
прорези пошироки од 10 mm.
Овие работни алати често предизвикуваат
повратен удар или губење контрола врз
електричниот алат.
ако се заглави дијамантски диск за суво
сечење или ако ја прекинувате работата,
исклучете го уредот и држете го во
мирување се' до престанокот на вртењето
на дискот. никогаш не обидувајте се да
извлечете ротирачки дијамантски диск
за суво сечење од засекот, во спротивно,
опасност од повратен удар.
Утврдете ја и отстранете ја причината за
заглавувањето.
не вклучувајте го електричниот алат
додека се наоѓа во работното парче.
Првин почекајте дијамантскиот диск за
суво сечење да го достигне полниот број
на вртежи, пред да го продолжите засекот
претпазливо.
Во спротивно, дискот може да се
приклешти, да отскокне од работното
парче, или да предизвика повратен удар.
| 207 |

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Sg180

Table of Contents