Bosch Professional GOP 18V-34 Original Instructions Manual page 261

Hide thumbs Also See for Professional GOP 18V-34:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 16
Ставање/менување на брусниот лист на основната
брусна плоча
Основната брусна плоча (15) е опремена со леплива
лента, така што брусните листови со леплива лента може
брзо и едноставно да се прицврстат.
Истресете ја лепливата лента од основната брусна
плоча (15) пред да ја наместите на брусниот лист (16), за
да овозможите оптимално слепување.
Брусниот лист (16) ставете го израмнето на едната
страна од основната брусна плоча (15), потоа поставете
го брусниот лист на основната брусна плоча и притиснете
го добро.
За овозможување на оптимално всисување на прав,
внимавајте на тоа, отворите на брусниот лист да
одговараат со отворите на брусната плоча.
За вадење на брусниот лист (16) фатете го за врвот и
извлечете го од основната брусна плоча (15).
Може да ги користите брусните листови, крпи за
полирање и чистење од серијата Delta 93 mm од Bosch
програмата за опрема.
Опремата за брусење како крпи/филц за полирање не се
зацврстува на истиот начин на брусната плоча.
Работете со додатоци за брусење како на пр. брусни
листови или брусни плочи со максимален степен на број
на осцилации „4". Преголемиот број на осцилации
значително го зголемува абењето на алатите за
вметнување или може да доведе до нивно предвремено
расипување. Почитувајте ги информациите наведени на
пакувањето на алатите за вметнување.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Bosch Power Tools
Приклучување на всисувач за прав (види слика A)
Всисувачот за прав е наменет само за работење со
основна брусна плоча (15), не може да се комбинира со
други алати за вметнување.
При брусењето секогаш приклучувајте го всисувачот за
прав.
За да го монтирате всисувачот за прав извадете ги алатот
за вметнување и граничникот за длабочина (10).
Вметнете го или всисувачот за прав (13) без приклучок
за кликнување или всисувачот за прав (14) со приклучок
за кликнување до крај преку прифатот за алат (8) на
затезното грло на електричниот алат. Свртете го
всисувачот за прав во посакуваната позиција (не
директно под електричниот алат). Притиснете го
затегнувачкиот лост (17), за да се фиксира всисувачот за
прав.
Поврзете го всисувачот за прав со цревото за всисување:
– Всисувачот за прав (13) без приклучок со
кликнување: вметнете го цревото за всисување (20)
на всисувачот за прав во адаптерот за всисување (19)
и фиксирајте го на своето место. Вметнете го
адаптерот за всисување (19) на млазницата за
всисување (18) на всисувачот за прав (13).
– Всисувачот за прав (14) со приклучок со кликнување:
вметнете го цревото за всисување (20) на всисувачот
за прав во млазницата за всисување (18) на
всисувачот за прав (14) и фиксирајте го на своето
место.
Или, може да го вметнете адаптерот за всисување (19)
во млазницата за всисување на всисувачот за
прав (14) и цревото за всисување (20) во адаптерот
за всисување (19).
Цревото за всисување (20) поврзете го со всисувач за
прав.
Прегледот за приклучување на различните видови на
всисувачи за прашина ќе го најдете на крајот од ова
упатство.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни
по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
всисувач.
Употреба
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
Проверете дали можете да го притиснете
u
прекинувачот за вклучување/исклучување, без да
ја отпуштите рачката.
За Вклучување на работното светло притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2) нанапред,
така што на прекинувачот ќе се појави
светло ја подобрува видливоста на непосредното
работно место.
Македонски | 261
. Работното
1 609 92A 8RD | (07.08.2023)

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents