Electrolux SteamBake 600 User Manual page 318

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 126
• Веднаш заменете ги стаклените плочи
на вратата ако се оштетени. Стапете во
контакт со Овластен сервисен центар.
• Бидете внимателни кога ја вадите
вратата од апаратот. Вратата е тешка!
• Редовно чистете го апаратот за да
спречите оштетување на површинскиот
материјал.
• Чистете го апаратот со мека, влажна
крпа. Користете само неутрални
детергенти. Не користете абразивни
производи, абразивни сунгери за
чистење, растворувачи или метални
предмети.
• Доколку користите спреј за печка,
следете ги безбедносните инструкции
на пакувањето.
2.5 Чистење со пиролиза
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од повреди / Пожари /
Хемиски испарувања (гасови) во
режим на пиролиза.
• Пред чистење со пиролиза и првично
предзагревање, извадете ги од
рерната:
– сите остатоци од храна, масло или
протекувања / наслаги од маснотии.
– Сите предмети што можат да се
извадат (вклучително решетките,
шините итн., обезбедени со
апаратот), особено нелепливите
тенџериња, тепсии, тави, приборот
итн.
• Внимателно прочитајте ги сите упатства
за чистење со пиролиза.
• Држете ги децата подалеку од апаратот
додека работи чистењето со пиролиза.
Апаратот станува многу жежок и
жешкиот воздух се испушта од
доводите за ладење.
• Чистењето со пиролиза е операција со
висока температура кое може да
ослободи гасови од остатоците од
готвењето и градежни материјали, и
според тоа се препорачува:
– да обезбедите добра вентилација
за време и по секое чистење со
пиролиза.
318
МАКЕДОНСКИ
– да обезбедите добра вентилација
за време и по првичното
предзагревање.
• Не истурајте и не нанесувајте вода на
вратата на рерната за време и по
чистењето со пиролиза за да избегнете
оштетување на стаклените плочи.
• Испарувањата што ги испуштаат сите
пиролитички рерни / остатоци од
готвење се опишани како нештетни за
луѓето, вклучително и за мали деца,
или лица со хронични болести.
• Држете ги миленичињата настрана од
апаратот за време на чистењето со
пиролиза и првичното предзагревање и
потоа. Малите миленичиња (особено
птиците и рептилите) може да бидат
многу чувствителни на температурните
промени и испарувања.
• Нелепливите површини на
тенџерињата, тавите, приборот за
јадење и сл., може да се оштетат од
високите температури на операцијата
Чистење со пиролиза на сите
пиролитички рерни и да бидат извор на
ниски нивоа на штетни гасови.
2.6 Внатрешна светилка
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од струен удар.
• Во однос на светилите во внатрешноста
на овој производ и резервните светилки
што се продаваат посебно: Овие
светилки се предвидени да издржат
екстремни физички услови во
апаратите за домаќинство, како што се
температура, вибрации, влажност или
се предвидени за давање сигнали за
работната состојба на апаратот. Тие не
се предвидени да се користат за други
намени и не се погодни за осветлување
простории во домот.
• Овој производ содржи извор на
светлина од класа на енергетска
ефикасност G.
• Користете само светилки со истите
спецификации.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Eod4p57hKoddp77h

Table of Contents