Одржување; Чистење; Замена (Поправка); Заштита Од Неактивност Во Долги Временски Периоди - Samsung MG23F301T Series Owner's Instructions & Cooking Manual

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 253
одржување
ЧИСТЕЊЕ
Чистете ја печката редовно за да спречите наталожување на нечистотии на
или во печката. Исто така, добро внимавајте на вратата, заштитата на вратата,
вртливата плоча и кружниот прстен (само за моделите кај кои е применливо).
Ако вратата не се отвора или затвора непречено, прво проверете дали на
заштитата на вратата се наталожиле нечистотии. Исчистете ја надворешната
и внатрешната страна на печката со мека крпа и сапуница. Исплакнете и
исушете добро.
Како да отстраните тврдокорни нечистотии со лоша миризба во
внатрешноста на печката
1. Кога печката е отворена, ставете чаша со разблажен лимонов сок во
центарот на вртливата плоча.
2. Загрејте ја печката 10 минути на максимална моќ.
3. По завршување на циклусот, почекајте да се излади печката. Потоа,
отворете ја вратата и исчистете го просторот за готвење.
Чистење на внатрешноста на моделите со подвижен грејач
За да ја исчистите горната површина на просторот за
готвење, спуштете го горното грејно тело за 45° како
што е прикажано. На овој начин ќе можете полесно
да ја исчистите горната површина. Кога ќе завршите,
вратете го горното грејно тело во својата положба.
ВНИМАНИЕ
• Вратата и површината за затворање треба да бидат чисти и погрижете се
вратата да се отвора и затвора непречено. Во спротивно, работниот век на
печката може да се намали.
• Внимавајте да не истурите вода во отворите на печката.
• Не користете какви било абразивни или хемиски супстанции за чистење.
• По секое користење на печката, користете благ раствор од детергент за да
го исчистите просторот за готвење, откако печката ќе се излади.
MG23F301TAK_OL_DE68-04178G-05_MK.indd 11
MG23F301TAK_OL_DE68-04178G-05_MK.indd 11
ЗАМЕНА (ПОПРАВКА)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Оваа печка нема делови кои корисникот може сам да ги замени. Не
обидувајте се сами да ѝ менувате делови или да ја поправате печката.
• Ако настане проблем со шарките, површината на затворање и/или вратата,
обратете се кај квалификувано техничко лице или во локалниот сервисен
центар на Samsung за да добиете техничка помош.
• Ако сакате да ја замените светилката, обратете се во локалниот сервисен
центар на Samsung. Не заменувајте ја самите.
• Ако настане проблем со надворешното куќиште на печката, прво исклучете
го кабелот за напојување од изворот за напојување, а потоа обратете се во
локалниот сервисен центар на Samsung.
ЗАШТИТА ОД НЕАКТИВНОСТ ВО ДОЛГИ
ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОДИ
Ако печката не се користи долг временски период, исклучете го кабелот за
напојување и преместете ја печката на суво место без прав. Наталожувањето
на прав и влага во внатрешноста на печката може да влијае врз
перформансите на печката.
Македонски - 11
6/7/2022 12:46:10 PM
6/7/2022 12:46:10 PM

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Mg23f302t series

Table of Contents