Samsung MG23F301T Series Owner's Instructions & Cooking Manual page 79

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 253
Не сипувајте или прскајте вода директно на печката.
Не ставајте предмети на печката, во нејзината внатрешност или на вратата на
печката.
Немојте да прскате испарливи материјали како инсектициди на печката.
Не ставајте запаливи материјали во печката. Внимавајте кога загревате храна
или пијалоци што содржат алкохол, бидејќи пареата од алкохолот може да
дојде во контакт со загреаните делови на печката.
Децата можат да се удрат или да си ги приклештат прстите со вратата. Не
дозволувајте им на децата да бидат во близина при отворање/затворање на
вратата.
Предупредување за употребата на микробранови
Загревањето пијалоци со микробранови може да резултира со задоцнето
вриење, па затоа треба секогаш да внимавате при ракување со садот.
Секогаш оставајте ги пијалоците да отстојат најмалку 20 секунди по
загревањето. Ако е потребно, промешајте за време на загревањето. Секогаш
промешувајте по загревањето.
Во случај на изгореници, следете ги овие инструкции за прва помош:
1. Изгорената површина потопете ја во ладна вода најмалку 10 минути.
2. Покријте ја со чиста, сува крпа.
3. Не ставајте креми, масла или лосиони.
За да не го оштетите садот или решетката, не ставајте го садот или решетката
во вода непосредно по готвењето.
Не употребувајте ја печката за пржење во длабоки садови полни со масло,
бидејќи температурата на маслото не може да се контролира. Тоа може да
резултира со ненадејно зовривање на загреаното масло.
MG23F301TAK_OL_DE68-04178G-05_MK.indd 7
MG23F301TAK_OL_DE68-04178G-05_MK.indd 7
Мерки на претпазливост за микробрановата печка
Користете само прибор наменет за микробранови печки. Не користете
метални садови, позлатени или посребрени садови, ражени итн.
Отстранете ги врвките за заврзување. Може да настане електрично празнење.
Не користете ја печката за сушење весници или облека.
Користете пократки времиња за мали количини на храна за да спречите
прегревање или горење на храната.
Чувајте ги кабелот за напојување и приклучокот за напојување подалеку од
вода и извори на топлина.
За да избегнете ризик од експлозија, не загревајте јајца со лушпи или тврдо
варени јајца. Не загревајте херметички или вакуумирани садови, ореви,
домати итн.
Не покривајте ги отворите за вентилација со крпа или весници. Тоа
претставува опасност од пожар. Печката може да се прегрее и автоматски да
се исклучи, а ќе остане исклучена сè додека не се излади доволно.
При вадење садови секогаш користете ракавици.
Промешајте ги течностите при загревањето или по завршување на
загревањето и оставете го садот со течности најмалку 20 секунди по
загревањето за да спречите превривање.
Немојте да приоѓате премногу блиску кога ја отворате вратата за да не
добиете изгореници од жешкиот воздух или пареата која излегува.
Не употребувајте ja печката кога е празна. Печката автоматски ќе се исклучи
по 30 минути заради безбедносни причини. Ви препорачуваме постојано да
ставате чаша со вода во печката за апсорбирање на микробрановата енергија
доколку печката случајно се активира.
Инсталирајте ја печката во согласност со слободниот простор наведен во ова
упатство. (погледнете го делот за инсталирање на микробрановата печка.)
Бидете внимателни при приклучувањето на останатите електрични уреди во
штекер во близина на печката.
Македонски - 7
6/7/2022 12:46:09 PM
6/7/2022 12:46:09 PM

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Mg23f302t series

Table of Contents