Ракување
Поставувања
Заклучување за деца
За да спречите несреќи во кои ќе бидат опфатени
децата, функцијата Заклучување за деца ги
заклучува сите копчиња. Меѓутоа, функцијата
Заклучување за деца не се активира сè додека не
притиснете Активирање/пауза.
Во заклучена состојба, со притиснување на
соодветните копчиња можете да ја отворите
вратата или да менувате поставки. Меѓутоа, штом
притиснете Активирање/пауза за да ја активирате
машината за перење, функцијата Заклучување за
деца повторно ќе се активира.
•
Функцијата Заклучување за деца ги заклучува
сите копчиња освен Напојување.
•
За активирање или деактивирање на
функцијата Заклучување за деца, задржете ги
истовремено копчињата Temp. (Температура) и
Spin (Центрифуга) во период од 3 секунди.
ЗАБЕЛЕШКА
За да додадете детергент, да ставите повеќе алишта
во барабанот или да ги промените поставките на
циклусот додека функцијата Заклучување за деца е
активна, прво мора да ја деактивирате функцијата
Заклучување за деца.
34 Македонски
WW3000J-03581B-02 (SEPM)_MK (LE)_150429.indd 34
Вклучување/исклучување звук
Овозможува вклучување или исклучување на
звукот. Вашите поставки ќе продолжат да важат
откако ќе ја рестартирате машината.
•
За да го исклучите звукот, притиснете и
задржете истовремено Spin (Центрифуга) и
Options (Опции) во период од 3 секунди.
•
За повторно да го вклучите звукот, притиснете
и задржете ги истите копчиња повторно во
период од 3 секунди.
2015-04-29
4:41:28