Пред да започнете
Упатства за перење
ЧЕКОР 1 Сортирање
Сортирајте ја облеката според овие
критериуми:
•
Ознака за грижа: Сортирајте ја облеката по
памук, мешана ткаенина, синтетика, свила,
волна и вештачка свила.
•
Боја: Одделете ги белите алишта од алиштата во
боја.
•
Големина: Мешањето алишта со различни
големини во барабанот ги подобрува
перформансите за перење.
•
Чувствителност: Перете ги деликатните алишта
одделно користејќи ја опцијата Лесно пеглање
за чиста и нова волнена облека, завеси и
свилена облека. Проверете ги ознаките на
алиштата.
ЗАБЕЛЕШКА
Не заборавајте да ги проверите ознаките за грижа
на алиштата и соодветно да ги сортирате пред да
започнете со перењето.
24 Македонски
WW3000J-03581B-02 (SEPM)_MK (LE)_150429.indd 24
ЧЕКОР 2 Испразнете ги џебовите
Испразнете ги сите џебови на облеката
•
Металните предмети како монети, игли и
токи на облеката можат да ги оштетат другите
алишта, а исто така и барабанот.
Превртете ги наопаку алиштата со копчиња
и вез
•
Ако патентите на панталоните и јакните се
отворени при перењето, може да дојде до
оштетување на барабанот. Патентите треба да
се затворат и да се обложат со лента.
•
Алиштата со долги ленти може да се заплеткаат
со другите алишта. Не заборавајте да ги врзете
лентите пред да започнете со перењето.
ЧЕКОР 3 Користете мрежа за алишта
•
Градниците (кои може да се перат со вода) мора
да се стават во мрежата за алишта. Металните
делови на градниците може да го пробијат
материјалот и да ја оштетат другата облека.
•
Мали и лесни алишта како чорапи, ракавици,
хулахопки и шамивчиња може да се заглават
околу вратата. Ставете ги во мала мрежа за
перење.
•
Немојте да ја перете само мрежата за перење
без други алишта. Ова може да предизвика
абнормални вибрации кои можат да ја поместат
машината за перење и да предизвикаат
повреди.
2015-04-29
4:41:26