Bosch 0 607 459 204 Original Instructions Manual page 170

Screwdrivers
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 13
OBJ_BUCH-1578-004.book Page 170 Monday, October 10, 2016 1:03 PM
170 | Македонски
што се наоѓа на ротирачки дел на пневматскиот алат,
може да доведе до повреди.
 Не ги преценувајте своите способности. Застанете
во стабилна положба и постојано држете
рамнотежа. Стабилната положба при стоење и држење
на телото овозможуваа подобро да го контролирате
пневматскиот алат при појава на неочекувани
ситуации.
 Носете соодветна облека. Не носете широка облека
или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците
подалеку од подвижните делови. Лесната облека,
накитот или долгата коса може да се зафатат од
подвижните делови.
 Излезниот воздух не го вдишувајте директно.
Внимавајте да не ви влезе излезниот воздух во
очите. Излезниот воздух од пневматскиот алат може да
содржи вода, масло, честички метал и нечистотија од
компресорот. Ова може да предизвика здравствени
тегоби.
Грижливо користење и постапување со пневматските
алати
 Користете уреди за затегнување или менгеме за да
го зацврстите или потпрете делот што се
обработува. Доколку делот што се обработува го
држите цврсто со раката или го притискате на телото,
нема да можете сами да го контролирате уредот.
 Не го преоптоварувајте пневматскиот алат.
Користете го соодветниот пневматски алат за
Вашата работа. Со соодветниот пневматски алат ќе
работите подобро и посигурно во зададениот домен на
работа.
 Не го користете пневматскиот алат, доколку има
дефектен прекинувач за вклучување/исклучување.
Пневматскиот алат кој повеќе не може да се вклучи или
исклучи, ја загрозува безбедноста и мора да се
поправи.
 Прекинете го напојувањето со воздух, пред да
почнете да го подесувате уредот, да менувате
делови од опремата или доколку долго време не сте
го користеле алатот. Овие превентивни мерки го
спречуваат невнимателниот старт на пневматскиот
уред.
 Чувајте ги подалеку од дофатот на деца
пневматските алати кои не ги користите. Овој
пневматски алат не смее да го користат лица кои не
се запознаени со него или не ги имаат прочитано
овие упатства. Пневматските алати се опасни, доколку
ги користат неискусни лица.
 Одржувајте ги грижливо пневматските алати.
Проверете дали подвижните делови функционираат
беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или
оштетени, што може да ја попречи функцијата на
електричниот алат. Поправете ги оштетените делови
пред користењето на пневматскиот алат. Многу
несреќи својата причина ја имаат во лошо одржуваните
пневматски алати.
1 609 92A 37J | (10.10.16)
 Користете ги пневматските алати, опремата,
додатоците за алатите итн. во согласност со ова
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните
услови и дејноста што треба да се изврши. На тој
начин создавањето прав, вибрациите и создавањето
бучава ќе се намалат што е можно повеќе.
 Пневматскиот алат треба да се употребува и
подесува исклучиво од страна на квалификувани и
школувани корисници.
 Пневматскиот уред не смее да се модифицира.
Промените може да ја намалат делотворноста на
сигурносните мерки и да го зголемат ризикот за
корисниците.
Сервис
 Поправката на Вашиот пневматски алат смее да
биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на
оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на пневматскиот алат.
Безбедносни напомени за пневматскиот
одвртувач
 Проверете дали е читлива спецификационата
плочка. Доколку не е, заменете ја кај производителот.
 Доколку се скрши делот што се обработува или еден
од деловите на опремата или пак пневматскиот
уред, деловите може да излетаат со голема брзина.
 При користење како и поправки или одржување,
како и при размена на делови од опремата на
пневматскиот алат секогаш треба да носите заштита
за очите отпорна на удари. Степенот на потребната
заштита треба да се процени посебно за секоја
поединечна примена.
 Никогаш не го вклучувајте пневматскиот алат,
додека го носите. Ротирачкиот прифат на алатот може
да ја зафати облеката или косата и да доведе до
повреди.
 Носете припиени ракавици. Дршките од
пневматските алати стануваат ладни поради струењето
на компресиран воздух. Топлите дланки се помалку
чувствителни на вибрациите. Широките ракавици може
да се зафатат од ротирачките делови.
 Држете ги дланките подалеку од работ на клучот за
втиснување и ротирачките алати за вметнување.
Никогаш не ги притискајте ротирачкиот алат за
вметнување или погонот. Може да се повредите.
 Бидете претпазливи при ограничени работни
околности. Поради реакциските вртежни моменти
може да настане опасност од заглавување или
притискање.
 Корисниците и персоналот за одржување мора да
бидат физички подготвени за да може да ја
поднесат големината, тежината и јачината на
пневматскиот алат.
 Бидете подготвени на неочекувани движења на
пневматскиот алат, кои може да настанат како
Bosch Power Tools

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

0 607 459 2030 607 459 205

Table of Contents