Македонски - Braun 7681 WD Quick Manual

Type 5377
Hide thumbs Also See for 7681 WD:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Македонски
Нашите производи се создадени со цел
да ги исполнат највисоките стандарди за
квалитет, функционалност и дизајн.
Се надеваме дека вистински ќе уживате
употребувајќи го Braun Silk·épil 7 епила-
торот.
Ве молиме внимателно да го прочитате
упатството пред да го употребувате
апаратот, и да го сочувате упатството за
понатамошни консултации.
Braun Silk·épil 7 епилаторот е дизајниран
на начин што успева многу ефикасно
да ги отстранува несаканите влакна,
нежно и лесно. Неговиот веќе докажан
епилационен систем ги отстранува
влакната од корен, оставајќи ја вашата
кожа мазна со недели. Влакната кои
подоцна растат, растат меки и нежни, и
се разбира никогаш нема да изгледате
неиздепилирани.
Важно
• Од хигиенски причини не делете го овој
апарат со други.
• Овој апарат оди во комбинација со
специјален кабелски сет со интегриран
Safety Extra Low Voltage адаптер. Не се
разменувајте и не манипулирајте со
ниеден дел од овој апарат, затоа што
така има ризик од електричен шок.
Овој апарат е погоден за
употреба при бањање или пак
туширање. Од безбедносни
причини смее да се употребува
без кабелот да биде приклучен.
• Овој апарат не е наменет за употреба
од страна на деца или лица со намалени
физички и ментални способности, освен
ако не се под надзор на лицето кое е
одговорно за нивната безбедност. Во
принцип, ние советуваме да го чувате
овој апарат подалеку од дофат на деца.
Децата треба да бидат надгледувани за
да бидете сигурни дека не си играат со
овој апарат.
• Кога апаратот е вклучен, истиот не
смее да дојде во контакт со влакната на
вашата глава, со трепките итн., за да се
заштитите од која било можна опасност
или пак повреда, како и со цел да го
заштитите вашиот апарат од тоа да се
заглави или оштети.
• Никогаш не ја употребувајте епилаци-
ската глава без заштитата наменета за
неа.
Општи информации за епилирањето
Сите методи за отстранување на влакната
од корен доведуваат до растење на
поткожни влакна и иритација (на пример
чешање, неудобност и зацрвенување на
кожата) зависно од состојбата на кожата
и влакната. Ова е нормална реакција и
обично исчезнува брзо, но може да биде
поинтензивно кога ги отстранувате
влакната од корен првите неколку пати
или доколку имате чувствителна кожа.
Доколку после 36 часа кожата сеуште е
иритирана, ве советуваме да се консул-
тирате со вашиот дерматолог.
Општо земено, реакцијата на кожата и
чувството на болка исчезнуваат со посто-
јана употреба на Silk·épil.
Во некои случаи воспалението на кожата
се појавува доколку некоја бактерија
навлезе во кожата (на пример, кога го
лизгате апаратот по кожата). Длабинското
чистење на епилациската глава пред
употреба го минимализира ризикот од
инфекција.
91

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

7281 wdSilk-epil 7 7681 wdSilk-epil 7 7281 wd

Table of Contents